Осуда од сите страни за сквернавењето на македонското знаме- надлежните органи постапуваат по настанот, МВР со прес

November 29, 2024
3 mins read

Кинење и сквернавење на македонското знаме беше забележано синоќа за време на прославувањето на Денот на албанското знаме во Скопје.

Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил.

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во 11:30 часот ќе одржи прес-конференција, па се очекува повеќе информации за постапувањето на полицијата, за тоа дали имало инциденти и дали се постапува за да се откријат сторителите на сквернавењето на македонското знаме, да бидат соопштени.

Политичките партии го осудуваат чинот на сквернавењето на македонското знаме и бараат да бидат откриени сторителите и да бидат казнети по закон.

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден. Истовремено реагираме на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи зад кои веруваме дека има и политичка позадина и кои преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда, се наведува во партиското соопштение.

-Законот мора да се почитува од сите подеднакво и очекуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои го кршат законот. Kриминалните банди кои 20 години ги ограбија институциите и сите граѓани независно од етничката припадност, денес со овој однос покажаа дека за нив националните знамиња не се ништо друго освен обвивка со која мислат дека ќе избегнат кривична одговорност, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат: Правдата доаѓа, а овие реакции се најголема потврда за нивниот страв.

-Ги повикуваме граѓаните, како и во минатото кога имало вакви обиди, да останат достоинствени и мудри бидејќи ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија, велат од партијата.

Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски го осуди, како што посочува непочитувањето на Законот за употреба на знамињата од страна на институции и органи и синоќешното уништување и сквернавење на државното и македонско знаме додека се славеше Денот на албанското знаме.

-Секогаш како човек сум го сакал своето, а почитувал туѓото! Денеска како човек но, и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав Денот на албанското знаме, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници. За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда, истакнува Димитриевски во пишана изјава за медиумите.

Искажувајќи јавна осуда за ваквите настани, кумановскиот градоначалник бара од институциите на прогонот да ги открие ваквите поединци и групи и да ги изведе пред лицето на правдата и тие да бидат санкционирани според закон.

-Истото го очекувам и од моите колеги градоначалници на кои ова не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност. Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија, како и сите претставници на меѓународната заедница, потенцира Максимовски.

Според него, по ова денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса.

-Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон. Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба да се одговара, наведува кумановскиот градоначалник и претседател на ЗНАМ.

Либерално-демократската партија најостро го осудува секој чин на сквернавење на македонското знаме, симболот на нашиот државен суверенитет.

-Таквите дејства не само што се навреда кон државата, туку и директно ги поткопуваат основните вредности на соживотот, почитта и граѓанската одговорност. Македонското знаме е симбол на единството и гордоста на сите граѓани, без разлика на нивните политички, етнички или верски убедувања. Ги повикуваме надлежните институции да спроведат темелна истрага и да ги санкционираат одговорните за овој непромислен и деструктивен чин. Истовремено, апелираме до сите граѓани да покажат зрелост и почит кон државните симболи, кои се заедничко наследство на сите нас. Сметаме дека еднаш засекогаш треба да излеземе од етничките трла и да бидеме доследни на зачувување на демократските вредности и интегритетот на државата. Да зборуваме за проекти, реформи и подобар стандард за граѓаните, а не за национализам и враќање во минатото. ЛДП, како и досега, останува доследна во својата посветеност на зачувување на демократските вредности и интегритетот на државата, велат од ЛДП. Социјалистичката партија на Македонија најостро го осудува хулиганското дивеење и уништувањето на државното знаме.

-Директно ги посочуваме виновниците кои на вандалски начин го сквернавеа македонското знаме. Тоа претставува чин на непочитување на македонската држава и газење врз достоинството на македонскиот народ кое не се простува. Подадената рака претставува разум и желба за заедништво, но никако слабост или повлекување. Ги прозиваме политичките партии на македонските албанци од власта и од опозицијата, како најодговорни за синоќешното нецивилизирано однесување на толпата, да се заложат за смирување на ситуацијата, со што еднаш ќе покажат разум, за разлика од досегашното лицемерие и левантиство. Секој мора да си ја сноси одговорноста. Ги повикуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и обвинителството за итна и жестока реакција во изнаоѓање и силно санкционирање на виновниците. Во Македонија мора да се воспостави ред и почитување на законот кој ќе важи подеднакво за сите, велат од СПМ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

СПМ најостро го осудува хулиганското дивеење и уништувањето на државното знаме

Следно

ДУИ: Го осудуваме чинот на палење на државното знаме, но и полициската интервенција за време на прославата на Денот на албанското знаме

Latest from Blog

Мицкоски: Осуда за сквернавењето на македонското знаме, ќе одговориме најжестоко на секој обид за дестабилизација

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска зборуваше за вчерашниот инцидент каде што во главниот град се сквернавеше македонското знаме, на денот на прослава на албанското знаме. „Најостро го осудувам, сепак претставува чин на агресија,

Панче Тошкоски: Жестоко и сурово ќе одговориме на вакви дејствија што подгреваат меѓуетнички тензии

„Има најави и обиди кои ќе подгоруваат меѓунационална нетрпеливост, како што веќе сме најавиле и ова е доказ дека тоа се случува, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски по вчерашниот настан

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот Бизнис Муабети. -Пошта

Петрушевски: Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за предизвикување етнички конфликт преку кој сакаат да дојдат на власт

Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за наметнување на политички поделби и немири. Ова сценарио е за предизвикување на етнички конфликти преку кои ДУИ

Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател

Бугарските пратениците денеска ќе направат нов обид за избор на претседател на 51-то Народно собрание, јави БТА. -Преминуваме кон нов круг на предлози и нивно гласање според усвоените процедурни правила, изјави Силви
Go toTop