Османи за безбедносната состојба во земјава: Засега нема конкретни закани, но надлежните ги следат состојбите

October 19, 2023
1 min read

Шефот на дипломатијата ова го изјави на заедничката прес-конференција со австрискиот министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на покраината Штаерска, Вернер Амон, кој, пак, оцени дека безбедносната состојба во сите европски држави е напната и дека е зголемен степенот на безбедност

Засега нема конкретни закани, но надлежните институции ја следат безбедносната состојба во земјава, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, говорејќи за подигнувањето на нивото на безбедност во европските држави, кое следува по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

„Во однос на состојбата во Северна Македонија, тоа е надлежност на домашните служби, постојано сме известени за зголемувањето на сензитивноста без конкретни закани, но исто така сме во постојана координација и ги следиме состојбите преку надворешно политичката комуникација и преку внатрешната комуникација“,

рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференција со австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска, Вернер Амон. 

Од денешната прес-конференција на министерот Бујар Османи и австрискиот покраински министер Вернер Амон

Шефот на дипломатијата ова го изјави на заедничката прес-конференција со австрискиот министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на покраината Штаерска, Вернер Амон, кој денеска беше во посета на земјава.

Австрискиот покраински министер оцени дека поради конфликтот на Блискиот Исток безбедносната состојба во сите европски држави е напната и дека е зголемен степенот на безбедност.

„Поради сè што се случува, треба да создадеме повеќе безбедност. Безбедносната состојба е напната во сите европски држави и го имаме зголемено нашиот степен на безбедност. Ќе мора да се обезбедат соодветни мерки“,

рече австрискиот покраински министер Вернер Амон.  

Поради неодамнешната ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и по терористичкиот напад во Брисел, властите на Австрија одлучија да го подигнат нивото на предупредување за заканата од тероризам. Австрискиот министер за внатрешни работи објасни дека предупредувањето за тероризам е подигнато на т.н. „портокалово ниво“, односно втор највисок степен на безбедност

Италија, пак, одлучи да ги врати граничните контроли со Словенија, оценувајќи ги како неопходни поради конфликтот на Блискиот Исток, зголемените миграциски текови, но пред сè поради националната безбедност.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: За година и половина пензиите ги покачивме за 24 отсто

Следно

Вчера во Појасот Газа животот го загубија 678 Палестинци

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop