Османи: Уставните измени ќе се случат, важно е ова прашање да се отвори на лидерската средба

December 3, 2023
1 min read

реклама


Уставните измени ќе се случат, тврдам најкасно шест месеци од денеска, ќе се случат во било која комбинација, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи и порача дека затоа е важно ова прашање да се отвори и на утрешната лидерска средба.

Османи, во гостувањето на телевизија Сител, вечерва порача дека државата не може да стагнира на европскиот пат, бидејќи, како што рече, тоа е нашиот кислород и врзивно ткиво.

реклама

–  Тоа е нашето гориво, кое што не движи напред во делот на реформите. Така што, многу брзо откако ќе помине оваа емоција, дека ние под бугарски диктат не ги правиме уставните измени со цел некој ситен политички поен, ќе сфатиме дека малите држави, па и поголемите во регионот, не можат без Европската Унија и тој систем. За жал, ние секогаш сфаќаме на нас, наместо да учиме од другите, ние ќе ги направиме уставните измени. Метафорички велам во шест месеци, затоа што нема да може ниту една влада, во било која композиција да издржи во услови на немање европски процес, изјави Османи.

Според Османи уставните измени ќе се случат и ќе гласаат токму актерите кои денеска се противат, за како што вели, да добијат на избори.

реклама

Без уставни измени, нагласи Осамни, нема продолжување на преговорите и тоа е јасно.

–  Скринингот завршува оваа недела, и тоа со поглавјето за МНР. Извештајот таму потврди 100 проценти усогласеност во надворешната политика, многу добар напредок, меѓутоа такви се правилата, изјави Османи.

реклама

Османи, исто така, посочи дека ние сме еден чекор напред и во споредба со Албанија, но дека не очекува во декември да има поместување.

–  После скринингот, има писмо што го добиваат земјите, а се усогласува со консензус во Брисел, а се однесува на утврдување на бенчмаркови. За нас стигна писмото, за Албанија се уште има проблеми со грчкиот став по однос на писмото. Се движи работата, но удира во ѕид кај уставните измени, посочи Османи.

Османи, исто така, порача дека техничкиот премиер ќе биде на предлог на ДУИ и може да биде Талат Џафери, но дали ќе биде, сепак за тоа треба одлука од органите на партијата, кои, како што рече, ќе се состанат по следната недела.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Исчезнатата Вања е пронајдена мртва во околината на Скопје

Следно

Мицкоски со сочувство за младата Вања: Најстрога казна за сите вмешани во овој грозоморен случај

Latest from Blog

Од дијалог до акција: Западен Балкан со заложба за унапредување на квалитетот на образованието

Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување: Креирање заеднички решенија за квалитетно образование во Западен Балкан“, организиран од УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

фото: Inter Xtra (X) Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава
Go toTop