Османи: Успешно ќе заврши процесот за уставни измени

August 28, 2023
1 min read

реклама



Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека е убеден  оти процесот за уставните измени во државава ќе заврши успешно во наредните недели и месеци. 

-Процесот е започнат, како што гледате целиот свет, и САД и ЕУ, ја поздравија одлуката да го започнеме процесот. Убеден дека овој процес ќе заврши успешно во наредните недели и месеци, изјави Османи за МИА при учеството на Бледскиот стратешки форум. 

реклама

Како што јави известувачот на МИА од Блед, Османи порача дека форумот е уште една платформа да се испрати порака дека мора да се направи посуштински исчекор за интеграцијата на Западане Балкан во ЕУ до 2030 година.

-Ова е уште една платформа каде можеме не само ние туку и земјите од Западен Балкан да се сретнат со Европската унија и да ја дадат пораката дека мора да се направи  посуштински исчекор во процесот во овој нов геополитички контекст во кој се наоѓа Европа и оти оваа декада мора да биде декада на Западен Балкан. Мислам дека пораките од сите страни се такви, дека до 2030 Западен  Балкан треба да биде дел од ЕУ, рече Османи. 

реклама

Шефот на дипломатијата во Блед имаше средба со министерот за надворешни работи на Република Кореја, Парк Џин, а очекува поголема соработка во наредниот период особено во економијата и инвестициите.

– Со Република Кореја имаме воспоставени односи од 2018 година, се уште градиме доверба  и билатерални односи. Ова беше прва средба со министерот и договривме да продолжиме со политички консултации и билатерални средби во Сеул и во Скопје и да ја прошириме одговорната рамка како основа за поголеми инвестици и економска соработка. Очекуваме во Скопје да дојдат големи компании од Република Кореја за да ги видат можностите за инвестиции, изјави Османи. 

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зејди вели дека Билал Касами кокетира со ВМРО на Мицкоски

Следно

Мицкоски: Во ДУИ секој министер си има своја фирма на која и дели тендери, така е и со Османи, одговорност ќе има

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop