Османи: Со Сијарто зборувавме за можна координација во дејствијата со цел отстранување на нелегално поставената такса за гас од Бугарија

November 16, 2023
1 min read

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто рече дека со Османи се договориле оти владите на двете земји ќе продолжат да се консултираат и да ги координираат сите чекори кои треба да се преземат за, како што рече, да се осигураат дека енергетската безбедност на ниедна од земјите нема да биде загрозена од дејствијата на Бугарија

Шефовите на македонската и унгарската дипломатија Бујар Османи и Петер Сијарто денеска од Скопје најавија можна заедничка координација на владите на двете земји во насока на преземање конкретни дејствија и чекори со цел отстранување на таксата за руски гас што ја наметна Бугарија.

Министрите за надворешни работи на Унгарија и С Македонија, Петер Сијарто и Бујар Османи

Од заедничката прес-конференција во македонското Министерство за надворешни работи, Османи и Сијарто наметнатата такса за рускиот гас ја оценија за нелегален и непријателски чин од страна на Бугарија.

„Неодамнешниот чекор што го презеде Бугарија кога со ултиматум ги зголеми давачките за Унгарија, Србија и С Македонија за транзит на природниот гас е акт на непријателство. Без никакви преговори тие дојдоа до оваа одлука, која, можеме да бидеме сигурни дека ќе ја загрози безбедноста на снабдување со електрична енергија за Унгарија и за С Македонија. Никој нема право да го доведува во опасност снабдувањето со енергија на која било земја и затоа чекорот на Бугарија е најпријателски чекор“,

рече унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто додаде дека со Османи се договориле оти владите на Унгарија и С Македонија ќе продолжат да се консултираат и да ги координираат сите чекори кои треба да се преземат за, како што рече, да се осигураат дека енергетската безбедност на ниедна од двете земји нема да биде загрозена од дејствијата на Бугарија.

Истото го повтори и шефот на македонската дипломатија.

„На министерот Сијарто му ги повторив изјавите на министерот за економија и на премиерот дека ова е нелегално поставена такса која е спротивна на европските правила и којашто наштетува на економијата на нашата земја во овие периоди. Разговаравме за можен кооридиниран пристап во преземање иницијативи со цел отстранување на оваа нелегално поставена такса“,

рече Османи.

Унгарските власти неодамна ја повикаа Европската комисија да покрене прекршочна постапка против Бугарија поради новата такса што ја наметна за транспорт на рускиот гас што минува низ нејзина територија.

Бугарија минатиот месец воведе данок од околу 10 евра за мегават час за рускиот природен гас што транзитира низ нејзиниот гасовод, тврдејќи дека на тој начин ќе се намали привилегираната позиција на руски „Газпром“ во југоисточна Европа и ќе го одврати руското влијание во регионот.

Ова предизвика остри критики од Унгарија и Србија кои во голема мера зависат од рускиот гас што главно доаѓа преку Турција и Бугарија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украинските и западните шпиони почнуваат различно да гледаат

Следно

Унгарија го смета за „акт на непријателство“ чекорот на Бугарија да ги зголеми транзитните такси за природниот гас

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop