Османи: Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ

September 28, 2023
1 min read

реклама



Најдобрата гаранција за зачувување на македонскиот идентитет е, по влезот во НАТО, земјата да стане членка и на ЕУ, истакнува во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ), министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Сепак, забележува дека Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ.

реклама

Прашан дали има гаранции оти Бугарија нема да поставува натамошни барања по евентуалното усвојување на уставните измени, Османи вели дека никој не може да знае што ќе донесе следниот ден, пренесува Дојче веле.

– За жал, често сме биле разочарани, а динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден. Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања. Но, за мене е важно што е на агендата на ЕУ, ништо друго.  Ние постигнавме компромис со Бугарија, акциски план за малцинствата. Сакаме темата да ја префрлиме од историски интерпретации и идентитетски прашања кон човековите и малцинските права, затоа што во тоа сме добри. Тоа го кажувам како човек кој не доаѓа од најголемата етничка група во земјата. Северна Македонија изгради уникатен модел на функционална мултиетничка демократија, наспроти сите скептици кои сметаа дека тоа на Балканот не е можно, вели Османи.

реклама

Шефот на дипломатијата смета дека анкетите кои покажуваат оти големото мнозинство граѓани се против уставните измени се погрешно интерпретирани.

– Граѓаните го отфрлаат вметнувањето на идентитетско-политичките конфликти во процесот на проширување на ЕУ, но од претстојните уставни измени нема таква опасност, напротив, посочува Османи и дополнува дека тие „ќе ја зацврстат и прошират мултиетничката демократија“. 

реклама

Османи вели дека е свесен за опасноста дека некои кругови во Бугарија ќе се обидат да ја злоупотребат ситуацијата на над 80.000 (според ФАЦ) македонски државјани кои поседуваат бугарски пасоши.

– Знам дека зад барањата за малцинските права стојат нечесни намери. Но, за мене поголема закана е дека сѐ додека нашите граѓани не се дел од ЕУ, тие ќе бидат принудени да аплицираат за бугарски пасоши од социјални и економски причини, наведува Османи во интервјуто за ФАЦ.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Либија: Откриена бактериска контаминација во сите подземни води во Дерна

Следно

Узбекистан: Во експлозија во складиште во Ташкент загина едно лице, а 163 се повредени

Latest from Blog

Проданоски на Денот на бакалите: Поддршка за дуќанџиите и еснафот продолжува

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на Божествената Литургија во храмот „Св. Благовештение“ по повод празникот на Светите Три Светители – Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов, кој народот го познава

Општина Битола бара доставувачи за решенија и покани за данок на имот

Општина Битола го објави јавниот повик за работно ангажирање на 15 лица невработени со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање

Петрушевски: Дали по насока на Заев и Филипче е донесен Правилникот за медицински канабис кој дозволува одгледување на марихуана на нива спротивен на Закон?

Владата на СДС во 2023 година донела измени на Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели кој е во спротивност со законот кој го регулира ова прашање, рече на денешната прес-конференција

Давидовиќ: Обвинението за „Пулс“ е правно неодржливо за речиси 30 обвинети

Во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, адвокатот Звонко Давидовиќ изнесе сериозни забелешки и правни аргументи во врска со судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи
Go toTop