Османи: Паметно е Груевски од безбедносен аспект да биде во С Македонија, отколку во друга држава

October 15, 2023
3 mins read

„Од политички аспект има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој што ви бил премиер повеќе од 10 години и ги имал сите информации на државата, а е во рацете на друга држава, тоа не е паметно за било која држава“, изјави шефот на дипломатијата во интервју за емисијата „Анализа“ на ТВ 21, притоа одградувајќи се дека нема никаква иницијатива за враќање на експремиерот во земјава

Изјавата на Османи и неговиот став во врска со Груевски веднаш наиде на коментар од лидерот на новоформираната партија Демократско движење, Изет Меџити, кој во изјава за весникот „Лајм“ праша: „Дали Бујар Османи и другите се подготвуваат да го вратат Никола Груевски во Скопје на 23 октомври на Денот на ВМРО?“

Подобро е поранешниот премиер и екслидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да биде во Северна Македонија и да се соочи со правдата, отколку да се наоѓа во друга држава, вели шефот на дипломатијата, Бујар Османи во интервју за емисијата „Анализа“ на ТВ 21. 

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи во интервјуот за ТВ 21 / Фото: Принтскрин

Османи својот став го аргументира од безбедносен аспект, посочувајќи дека станува збор за човек кој повеќе од 10 години бил премиер и ги знае сите информации за државата, а сега е во „рацете на друга држава“, односно во Унгарија каде ужива азил откако во 2018 година побегна од земјава.  

„Од политички аспект има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој што ви бил премиер повеќе од 10 години и ги имал сите информации на државата, а е во рацете на друга држава, тоа не е паметно за било која држава“,

вели Османи. 

Шефот на дипломатијата се оградува и додава дека нема никаква иницијатива за враќање на Груевски во земјава, теза која често се слуша од одредени политички кругови во земјава, особено по донесувањето на контроверзните измените во Кривичниот законик, а во контекст на уставните измени.  

„Најдобро е тој да е овде и да се справува со судските процеси кои што ги има. Тоа би било најдобро решение. Затоа ова го кажувам повеќе аналитички, но целата оваа фама околу некаква комуникација е тој психолошки страв кој ние не го разбираме“,

додава министерот за надворешни работи.

Тој во интервјуто се осврнува и на кавгата меѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, која ја почна Мицкоски откако во интервју за германскиот весник „Франфуртер алгемајне цајтунг“ го обвини својот претходник дека е во тајна комуникација со Владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат измените на Уставот. На неговите тврдења со серија објави на Фесјбук возврати Груевски, обвинувајќи го, меѓудругото, Мицкоски за тајна соработка и планови со поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.  

„Мислам дека темата Груевски е повеќе страв и паника која што излегува од ВМРО-ДПМНЕ и ни сервира нам дека е некако општествено прашање. Тоа е некаков психолошки немир кој што го имаат, нивни внатрешни односни кои ние не ги знаеме. И тие мислат дека логиката кога вие знаете дека имате еден проблем, мислите дека знаат сите и нас постојано ни го сервираат тој проблем, а ние не сме свесни што се случува. Тоа е немир и паника во опозициската партија кон психолошкиот лик на Груевскки“,

вели Османи во интервјуто за ТВ 21. 

Изјавата на Османи и неговиот став во врска со Груевски веднаш наиде на коментар од лидерот на новоформираната партија Демократско движење, Изет Меџити, инаку, поранешен висок функцинер на ДУИ , кој се одвои од партијата со т.н. „огнена група“.  

Тој за весникот „Лајм“ вели дека изјавата на Османи е потврда на нивните тврдења дека високи функционери на ДУИ имале комуникација со Груевски во Будимпешта и дека работат на негово враќање во земјава.  

„За жал, се потврдуваат нашите соммежи што ги презентиравме како опозиција на нашите официјални профили, каде јавно прашавме дали Бујар Османи го посетил Никола Груевски во Будимпешта и дали на таа средба бил приватно или службено. Во тој случај одговорите беа дипломатски и неискрени. Иако лично мислев дека ДУИ во 2016 се раздели со режимот на Никола Груевски, за жал Бујар Османи денеска докажа дека тајно одржувале комуникација, си помагале меѓу себе и  уште еднаш се докажа дека работат на враќање на Груевски. Затоа го сменија Кривичниот законик, затоа зборуваат за Законот за амнестија, само да биде во функција на враќање на Груевски“,

вели Меџити.  

Во тој контекст тој јавно праша: „Дали Бујар Османи и другите се подготвуваат да го вратат Никола Груевски во Скопје на 23 октомври на Денот на ВМРО?“

 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени дрвокрадци во велешко, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

Следно

Премиерот Ковачевски на Самитот на лидери на Берлински процес во Тирана, Албанија

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop