Османи: Одлични вести од Вилнус, приклучувањето на Шведска во НАТО е најважниот политичко-безбедносен настан

July 10, 2023
1 min read

По Финска, Шведска ќе стане 32. земја-членка на Алијансата откако во Вилнус беше постигнат договор за тргање на блокадата од Турција

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, од главниот град на Литванија, Вилнус, оцени дека се одлични вестите што се постигнал договор Турција да го одблокира приемот на Шведска во НАТО.

„Одлични вести од овде од Вилнус! За време на НАТО самитот се постигна политички договор со кој нашиот сојузник Шведска се приклучува во трансатлантското семејство, продолжувајќи го патот до полноправно членство како 32 земја – членка на НАТО. По членството на Финска, ова е најважниот политичко – безбедносен настан кој не само што значително ја зајакнува моќта на Алијансата, туку и силно ќе влијае на долгорочната безбедност и стабилност на Европа“,

вели Османи кој заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска е дел од делегацијата што ја предводи премиерот Димитар Ковачевски на Самитот во Вилнус.

Веста за постигнатиот договор претходно ја објави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Пред да се постигне договорот, пак, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поврза членството на Шведска во НАТО со започнувањето на пристапните преговори на Турција со ЕУ поставувајќи го тоа како услов.

„Никој не треба да очекува отстапки од нас, Анкара секогаш била за политиката отворени врати во НАТО, но првин отворете го патот за Турција во Европската Унија, па потоа ќе го расчистиме патот за кандидатурата на Шведска, исто како што направивме во случајот со Финска“,

рече Ердоган.

На ова реагираа и германскиот канцелар Олаф Шолц и американскиот Стејт департмент со порака дека Турција не треба да ја поврзува едната работа со другата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

(ВИДЕО) Бајден на чај кај Сунак: Односите ни се цврсти како карпа

Следно

Почина сценографот Живојин Трајановиќ

Latest from Blog

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите

За ЕУ интеграцијата на Западен Балкан на средбите на Калас со Мицотакис и Герапетритис во Атина

Ако ја погледнеме мапата, ова е местото каде што припаѓаат. И треба да си ја завршиме домашната задача, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по

Белингам се врати во репрезентацијата на Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел ќе го врати Џуд Белигнам во националниот тим за претстојниот квалификациски прозорец. Белингам беше изоставен од составот минатиот месец, а Тухел инсистираше дека играчот

Ненси Пелоси се пензионира

Ненси Пелоси, првата жена што стана претседател на Претставничкиот дом на САД, изјави дека нема да се кандидира за реизбор во 2026 година, што го означува крајот на нејзината четиридецениска кариера како
Go toTop