Османи и Бектеши го осудија „палењето на возилото и обидот за напад врз Груби”

July 22, 2023
2 mins read

„Бесен сум на веста за одвратниот чин – палењето на возилото на вицепремиерот Груби”, пишува министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ во објава на Фејсбук. Министерот за економија, пак, изрази жалење „за обидот за напад на првиот вицепремиер Артан Груби”

Со оглед на тоа што „аудито“ е во сопственост на извесен Б.Л., а Груби го користел, нејасно е каков аранжман има вицепремиерот со, како што го нарекува Б.Л., пријателот (за користење на автомобилот)

По веста за опожареното „ауди“ во скопски Чаир, кое дел од медиумите го поврзаа со првиот вицепремиер Артан Груби, а за кое тој самиот не демантираше дека го користел иако се води на име на друго лице, попладнево се огласи и министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.

Фото: Архива

Во објавата на својот фејсбук-профил, Османи напиша дека е бесен за, како што вели, палењето на возилото на Груби. Османи го оценува како чин на насилство, велејќи дека ова не е само напад врз неговиот колега и сопартиец, туку и навреда за демократските вредности и структура на нашето општество.

„Бесен сум на веста за одвратниот чин – палењето на возилото на вицепремиерот Груби.Ова го кажувам не само како министер, туку и како загрижен граѓанин, за да го осудам овој чин на подметнување пожар. Во цивилизарано општество нема место за насилство и таквите постапки никогаш не може да бидат изговор“,

пишува Османи во објавата на Фејсбук.

Тој ги повика надлежните институции да го испитаат случајот, а одговорните за инцидентот да ги изведат пред лицето на правдата бидејќи, како што вели, мора да има одговорност за постапките кои ја загрозуваат безбедноста и интегритетот на нашите демократски институции.

Покрај Османи, со реакција за инцидентот се јави и министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој во објава на Фејсбук изрази жалење за обидот за напад на првиот вицепремиер.

„Изразувам жалење за обидот за напад на првиот вицепремиер Артан Груби. Сите заедно како општество мораме да ја осудиме оваа неприфатлива постапка која го нарушува имиџот на државата и создава неизвесност кај нашите граѓани. Се надевам дека надлежните органи ќе го истражат овој случај и што поскоро ќе ги изведат сторителите на оваа акција пред лицето на правдата“,

се наведува во фејсбук-објавата на министерот Бектеши.

Откако во полицискиот билтен беше објавена информацијата дека рано утринава околу 3 часот во СВР Скопје било опожарено „ауди“ на улица „Струмичка“ во скопски Чаир, дел од медиумите објавија дека станува збор за возило што приватно го користи првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.

Но, во полицискиот билтен пишува дека возилото е сопственост на извесен Б.Л.

Подоцна во текот на денот, за инцидентот се огласи вицепремиерот Груби.

Во реакцијата која ја објави на Фејсбук, тој не демантираше дека приватно го користел „аудиото”, иако се води на име на друго лице. Во постот, Груби вели дека станува збор за негов пријател. Вицепремиерот признава и дека инцидентот е порака до него. Нејасно е каков аранжман има Груби со, како што го нарекува, пријателот за користење на автомобилот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Аргатите зад вештачката интелигенција

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Силен ветер, дожд и град со големина на јајце во делови од Србија – оштетени возила, фасади, кровови

Latest from Blog

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.

Коста Хиохи на чело на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Коста Хиохи, спортски визионер, професор и долгогодишен активист, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за претстојните локални избори. „Горд сум што имам чест да предводам листа составена од

Меџити: Поставена мерна станица во Трубарево за 24-часовен мониторинг на воздухот

Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои
Go toTop