Османи: Говорот на Вучиќ во Советот за безбедност на ОН беше „посттрауматичен“

April 26, 2024
1 min read

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја нарече „посттрауматична“ реакцијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за присуството на четири жени – преживеани жртви на сексуално насилство од страна на српските сили во војната во 1998-1999 година на состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

По церемонијата на приемот на опрема на Клиниката за нуклеарна медицина при Клиничкиот и универзитетскиот центар во Приштина, Османи рече дека нејзиниот говор на седницата на СБ на ОН е само вистина и дека тој факт не може да го негира никој, па ниту државата Србија.

„Тој (Вучиќ) даде цела низа посттрауматски изјави. Тоа што го направивме, едноставно вистината ја кажавме, само вистината пред очите на светот и никој не може да го нападне или негира, па ни Србија. Сите работи што ги кажав на седницата се потврдени со меѓународните извештаи и одлуките на меѓународните судови“, рече Османи.

Косовската претседателка заедно со преживеаните жртви на сексуално насилство во војната Фахрије Хоти, Васфије Красниќ, Елхаме Муќоли и Шихрете Тахири учествуваше на состанокот на Советот за безбедност на ОН, што се одржа во понеделникот, на 22 април.

Вучиќ рече дека на состанокот на ОН биле донесени луѓе кои не се дел од средбата и дека Османи, според него, ги довела со цел да ја обвинат Србија. Косовската претседателка, нарекувајќи го одговорот на Вучиќ пропаганда, рече дека злоставуваните жени во Косово се адвокати и имаат капацитет да бидат членови на нејзиниот кабинет. Османи истовремено го повика Вучиќ да побара јавно извинување пред жените кои присуствуваа на седницата, како и за сите жртви на воените злосторства починети од српските сили.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За скромен живот, потребни се најмалку 60.000 денари месечно

Следно

Пресуда за терористичкиот напад во Истанбул: За Ахлам Албашир седум доживотни казни и 1.794 години затвор

Latest from Blog

Темата мигранти е измислена од СДС за дневна политика, затоа и побегнаа од Собрание кога требаше да се дискутира за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: „Вистина излегува на виделина и СДС веќе не може да го скрие лицемерието, нивните лаги и манипулации. Наводната загриженост за мигрантите се виде дека им е

ОВА СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: МОК ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година

На свечена церемонија во Скопје, Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички, како и на оние кои придонесуваат за развој на

Ѕвездата на серијата „Луд, збуњен, нормалан“ се откажа од награда по пресудата за педофилија

Како што објави „Вијести онлајн“, Касумовиќ одлучи да се откаже од наградата „3 јануари“, највисокото општинско признание на Бијело Поље, кое му беше доделено во 2017 година, пренесе Индекс. Испрати соопштение за
Go toTop