Османи до Македонците во Албанија: Пописот овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, јазична и религиска припадност

September 23, 2023
1 min read

реклама



Шефот на дипломатијата Бујар Османи во видео обраќање до Македонците кои живеат во Албанија, им порача дека овој попис им овозможува слободно да ја изразат нивната етничка, јазична, и религиска припадност. 

Во продолжение целосното обраќање на Османи: 

реклама

„Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија би сакал да се обратам до вас Македонците кои живеат во Албанија. 

Како што ви е веќе познато, од 18 септември и следните шест недели, ќе се спроведува попис на населението, како најзначајна статистичка операција во земјата.  

реклама

Ви се обраќам затоа што сакам да бидете уверени дека овој попис овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, и јазична, и религиска припадност. 

Со оваа демократска придобивка, Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, нешто што исто како и кај нас, претставува непроценливо автентично културно наследство. 

реклама

Драги Македонци, препознавајќи ја вашата улога како  лојални граѓани на Албанија, ве охрабрувам на претстојниот попис слободно да се изразите и да ја потврдите вашата етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност, која претставува основно природно право на секој поединец, и со генерации наназад опстојува на овие простори. 

Деновиве сме свесни на различни пропаганди коишто апелираат на вашата одлука, не водејќи сметка за вашите чувства. Не треба ништо од тоа да ве загрижува. Албанија е слободна земја каде секој  може слободно да го изрази и негува својот идентитет, без да се грижи за било какви последици од тоа.  

Со тоа вие и дополнително ќе ја потврдите вашата незаменлива улога, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави.  

Северна Македонија и Албанија се повеќе од соседи, земји со исклучително пријателски односи, и ние ќе останеме во интензивна комуникација со вас исто, како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашања коишто ве засегаат вас Македонците.  

Продолжуваме активно да се ангажираме за заштита и промовирање на овие права, на ист начин како што тоа го правевме и до сега“. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефовите на дипломатија на Туркије, Иран и Русија одржаа средба во рамките на платформата Астана

Следно

ПОЧИНА РЕЖИСЕРОТ ЈАГОШ МАРКОВИЌ, ЧИЈА ПРЕТСТАВА ОД БЕОГРАДСКО ДРАМСКО ПОЗОРИШТЕ ТРЕБА ДА ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ НА 7 ОКТОМВРИ

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop