Османи: Ако Русија сака суштински дијалог, ќе мора да ги почитува принципите на ОБСЕ и тука нема компромис

January 4, 2023
4 mins read

Тој истакна дека оваа порака ѝ е јасно испратена на Русија и ако таа реши, додаде Османи, да се врати во меѓународната заедница, ако реши да се врати кон заложбите и принципите на меѓународната заедница, прва станица ќе ѝ биде ОБСЕ и, како што нагласи, „ние ќе и бидеме тука во тој дел“.

Шефот на дипломатијата во своето излагање потсети дека во моментов во Украина нема мисија на ОБСЕ затоа што Русија стави вето на мисијата, а С Македонија како претседавач ќе треба да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина

Украина ќе доминира со претседавањето на С Македонија со ОБСЕ, а каква ќе биде комуникацијата со Русија и дали таа ќе се претвори во некаков суштински дијалог ќе зависи од тоа кој ќе биде односот на Москва кон принципите и заложбите на Организацијата и тука ние како претседавачи нема да дозволиме никакви компромиси, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите на кој ги претстави приоритетите што ќе бидат во фокусот на едногодишното претседавање на земјава со ОБСЕ.

Османи во своето излагање потсети дека во моментов во Украина нема мисија на ОБСЕ затоа што Русија стави вето на мисијата, а С Македонија како претседавач ќе треба да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина.

„Се обидуваше полското претседавање преку некои дополнителни буџетски механизми, избегнувајќи ги основните инструменти на ОБСЕ, за да се врати повторно на терен. Ние ќе треба да најдеме начин како да го вратиме ОБСЕ во Украина, како да придонесеме за да овозможиме прво во воспоставување мир, а потоа, се разбира, и во имплементирање на мирот и во олеснување на животот на луѓето. Во фокусот ќе бидат прашањата како ќе комуницираме со Русија. ОБСЕ можеби е моментално единствената организација каде што има некаква комуникација со Русија и ние комуницираме со Русија, меѓутоа во Виена, но дали таа комуникација со Русија ќе се претвори во некаков суштински дијалог по однос на прашањата на ОБСЕ ќе зависи од тоа кој ќе биде односот на Русија кон принципите и заложбите на ОБСЕ. Ние како претседавачи сме чувари на заложбите и принципите, причините заради кои постои ОБСЕ, столбовите на Организацијата и, ако некој ги руши, вие не можете само поради тоа што сакате да постигнете некаков резултат и консензус да имате таков трансакциски однос и да одите преку тоа. Значи, нема да одиме преку прекршување на заложбите и принципите за кои сме надлежни. Значи ние, Северна Македонија, во 2023 година сме чувар на заложбите и принципите на ОБСЕ преку сите нејзини документи и нема да дозволиме компромис бидејќи ако правиме компромис со основните принципи тогаш чуму организација и што ќе ни е безбедносната архитектура“,

рече Османи.

Тој истакна дека оваа порака ѝ е јасно испратена на Русија и ако таа реши, додаде Османи, да се врати во меѓународната заедница, ако реши да се врати кон заложбите и принципите на меѓународната заедница, прва станица ќе ѝ биде ОБСЕ и, како што рече, „ние ќе и бидеме тука во тој дел“.

Основниот дух на нашите приоритети како претседавачи, рече шефот на дипломатијата, ќе биде што правиме на терен, преку зајакнување на мисиите на ОБСЕ. Од вкупно 12 мисии на Организацијата, посочи Османи, шест се на територијата на Балканот, од кои двете најголеми се во Босна и Херцеговина и во Косово.

„Сега имаме една комбинација на важен регион за ОБСЕ и претседавач кој доаѓа од тој регион и кој има специфични познавања за него, што сметам дека ќе биде нашата додадена вредност во рамките на нашето претседавање со ОБСЕ“,

посочи Османи.

Во овој контекст, вели шефот на дипломатијата, особен фокус ќе им биде посветен и на т.н. замрзнати конфликти, кои, како што истакна, можеби се мирни во моментов, но не знаеме кога може да избувнат.   

За време на претседавањето на С Македонија со ОБСЕ ќе се избираат и раководителите на четирите главни институции на ОБСЕ – ОБСЕ/ОДИХР, специјален претставник за национални малцинства, претставник за медиуми, како и генерален секретаријат и генерален секретар. Тие се избираат на секои три години.  

„Нашата улога е да се постигне консензус помеѓу 57 земји учеснички за луѓето што ќе ги раководат овие институции во наредните три години, значи дополнителен предизвик во услови кога владее силна недоверба помеѓу земјите учеснички“,

посочи Османи.

Друг голем предизвик, рече тој, е донесување на буџетот на ОБСЕ, што претходното полско претседавање со Организацијата не успеа да го донесе поради блокада од Русија и затоа што Ерменија и Азербејџан (земји меѓу кои владее замрзмат конфликт н.з.) не можеа да се усогласат со одредени ставки во буџетот.

„Тоа што сум задоволен е што со нашето преземање на буџетот го постигнавме нашиот прв успех, а тоа е обезбедивме консензус за административно покривање на 2022 година бидејќи беше без буџет и сега следниот предизвик е нашиот драфт кој веќе го претставивме уште пред една недела. Можеби ова е досега најрано земја претседавач да претстави драфт-буџет. Се надевам веќе на 12 јануари, кога ќе ги претставам приоритетите, да можеме да претставиме и ревидирана верзија на буџетот. Не очекувам дека веднаш ќе се постигне консензус, еве Полска цела година не успеа, но ние сме навлезени сериозно во ова прашање и во разговор со сите земји учеснички за да го поминеме буџетот“,

рече Османи.

Други приоритети, како што наведе Османи, ќе бидат  владеењето на правото и борбата против корупција што, како што истакна Османи, е сериозно прашање кое ја детерминира безбедноста.

„Земјите се богати или сиромашни само поради лошо менаџирање, а корупцијата е најиздвоениот елемент што одредува една држава да биде сиромашна или богата, односно создава сиромашни држави, подложни на безбедносни ризици. Оттаму сметавме дека антикорупциската политика и владеењето на правото ќе доминираат во оваа димензија на ОБСЕ во сите региони на ОБСЕ, вклучувајќи го и Западен Балкан. Ќе ставиме акцент повеќе на животната средина и лошите климатски услови кои создаваат миграции, а со тоа и безбедносни ризици и затоа сметавме дека зголемувањето на свесноста за климатските промени е важен елемент на нашата агенда“,

истакна министерот за надворешни работи.

Енергетската безбедност, безбедноста на храната, управувањето со прекуграничните води, трговијата со луѓе, почитувањето на човековите права, слободата на медиумите, исто така, ќе бидат високо на агендата за време на претседавањето на земјава со ОБСЕ.

Особен акцент ќе биде ставен на темата за активен ангажман на младите и на граѓанското општествено, две теми со кои ќе биде дополнета листата на приоритети.

„Бидејќи претседавачот има свои претставници во сите конфликтни региони, ние ја дополнуваме листата со уште две теми, а тоа се младите и невладините организации кои се многу важни за политиките на контрола во едно општество“,

рече Османи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Крајот на добата на санкциите

Следно

Општина Кисела Вода донираше книги напишани со Брајово писмо за децата од „Димитар Влахов”

Latest from Blog

Кинеската армија спроведе воени вежби во Тајванскиот теснец

Кинеската војска денеска соопшти дека спровела воени вежби и симулирала напади врз пристаништата и енергетската инфраструктура околу Тајван. – Кинеските вооружени сили спроведоа вежби со оружје со долг дострел и прецизни напади

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во надлежност на Општина Студеничани и МЖСПП

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски надлежноста за одржување на одводните канали и коритото на реката Маркова Река

Речиси 2.900 загинати во земјотресите во Мјанмар, 72 се водат како исчезнати во Тајланд

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар се приближува до 2.900, додека 72 лица се водат како исчезнати во Тајланд, објави денес „Синхуа њуз“, пренесува Анадолу. Според информативниот тим

Николоски: Скопје директно го поврзуваме со Париз, нова авионска линија Скопје-Париз

Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово на Меѓународниот аеродором Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродормот Орли
Go toTop