Осма годишнина од обидот за терористички пуч на ФЕТО во Туркије: Ферхат Ѓокмен застана пред тенк ноќта на 15 јули

July 14, 2024
2 mins read

ДУЗЏЕ (АА)

– Сонер ШЕН

Ферхат Ѓокмен, еден од илјадниците граѓани на Туркије кои ноќта на 15 јули 2016 година излегоа на улиците за да се спротивстават на терористите на ФЕТО кои се обидоа да извршат државен удар, осум години подоцна се потсети на деталите од ноќта во која граѓаните учествуваа во спречувањето на соборувањето на актуелната демократски избрана власт.

Во интервју за Агенција Анадолу, Ѓокмен рече дека тие денови бил во Анкара кај своите роднини кои живеат во турската престолнина.

Како што се присети, кога го слушнал повикот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на телевизија упатен до граѓаните да излезат на улиците и плоштадите, видел повеќе тенкови како се движат кон комплексот на Големото национално собрание на Република Туркије.

Воениот рок го отслужил како тенкист, па, како што рече, знаел што може да се направи во тој момент и барем минимално да оневозможи оклопно возило.

„Цивилите се обидуваа да ги запрат тенковите. Знаев дека не можеме многу, но и јас бев меѓу нив. Фрлавме церади на предните делови на тенкот и ги отстранивме нивните продолжетоци, антените за комуникација. Во тој момент наиде воен хеликоптер кој почна да пука. Потрчав кон сестра ми и ќерка и. Видов дека зет ми е ранет. Тргнав да му помагам, но во тој момент тенкот го искористи метежот и тргна напред“, рече Ѓокмен.

„Тенкот ме удри во десното рамо и паднав на тротоарот. Потоа се заглавив меѓу тлото и тенкот. На десната рака сѐ уште имам трага од тенковска гасеница“

Закрепнувањето, рече тој, траело исклучително долго.

„Меѓутоа, дури и никогаш да не закрепнам и да умрам под тенк, никогаш не би ја препуштил татковината на предавниците“, рече Ѓокмен.

Денес, како што вели, гордо го носи орденот Гази (ранет воен ветеран) со кој е одликуван за отпорот кон пучистите.

„Создавачот не одлучил да бидам загинат херој. Многу се гордеам со тоа што сум Гази. Тоа е чест која не е мерлива со ништо на овој свет“, рече Ѓокмен.

– ФЕТО како опасност за сите земји во кои дејствува

Терористичката организација Фетулаџи (ФЕТО) е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, чија екстрадиција Туркије официјално побара од САД.

Припадниците на ова терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО инфилтиррани во судството на Туркије, се обидоа да гонат бројни високи функционери со монтирани судски процеси за наводна корупција.

Неколку години подоцна следеше крвавиот обид за државен удар од страна на терористите на ФЕТО, односно обид за државен удар извршен од офицери кои ФЕТО ги инфилтрирал во турската армија.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Туркије, туку и за секоја друга земја во која што е активна. Во повеќе наврати на ова укажаа и турските власти.

За време на обидот за државен удар во Туркије, животот го загубија 253 лица, а повеќе од 2.730 луѓе беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Атентатите врз претседателите во САД датираат речиси 200 години

Следно

Почина Шенон Доерти, ѕвездата на култната серија „Беверли Хилс 90210“

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop