Осма годишнина од обидот за пуч во Туркије: Знамето натопено со крв предупредување за идните генерации

July 15, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – БАШАК АКБУЛУТ ЈАЗАР –

Озер Џошкун, ранет од пучистите на терористичката организација ФЕТО, кои се обидоа насилно да ја соборат легалната власт во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година, го чува турското знаме натопено во крвта на загинатите херои и ветераните од ноќта на обидот за државен удар како спомен и предупредување за идните генерации, пишува Анадолу.

Со тогашниот назив Мост на Босфорот, беше еден од мостовите што пучистите го блокираа во Истанбул, а со тоа и место за собирање на граѓаните што се обидоа да ги спречат терористите на ФЕТО да се инфилтрираат во Турските вооружени сили (ТСК).

Откако ги гледал вестите и дознал за состојбата во земјата, Џошкун облекол маичка испишана со името на основачот на модерна Република Туркије – Мустафа Кемал Ататурк и се упатил кон Мостот на Босфор.

„Приближувајќи се до мостот, видов многу возила на брза помош како ги возат повредените. Видов повредени луѓе во возилата, па го оставив автомобилот и завиткан со знаме продолжив кон блокираниот дел од мостот“, се сеќава Џошкун во интервју за Анадолу.

Кога стигнал до пучистите, забележал дека еден од офицерите лојални на терористичката организација ФЕТО дава наредба да се отвори оган.

„Тогаш настана пекол. Луѓето паѓаа, течеше крв. Снимав со мобилен телефон. Дел од куршумот го погоди мобилниот телефон и полесно ми ја рани раката. Од болка паднав на земја. Некое време подоцна забележав дека знамето што го носев беше натопено во крв. Тоа не беше само моја крв. До мене беше човек погоден во гради и уште еден потешко ранет во главата, трет во нозете. Имаше и стари и млади луѓе“, изјави Џошкун покажувајќи го знамето и додаде:

„Ова е знамето натопено со крвта на сите тие луѓе. Го чувам за да им го оставам на моите деца, а тие на нивните. Тоа е наш заеднички спомен.“

– ФЕТО како опасност за сите земји во кои дејствува –

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој престојува во Соединетите Американски Држави, чија екстрадиција Туркије официјално побара од САД.

Припадниците на оваа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО инфилтрирани во судството на Туркије, се обидоа да гонат голем број високи функционери со монтирани судски процеси за наводна корупција.

Неколку години подоцна следуваше крвавиот обид за државен удар од страна на терористите на ФЕТО, односно обид за државен удар извршен од офицери што ФЕТО ги инфилтрирал во турската армија.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа што претставува опасност не само за Туркије туку и за секоја друга земја во која е активна. Во повеќе наврати на ова укажаа и турските власти.

За време на обидот за државен удар во Туркије, животот го загубија 253 лица, а повеќе од 2.730 беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британскиот шеф на дипломатијата Лами повика на итен прекин на огнот во Газа

Следно

Земјите од регионот се уште под влијание на африканскиот топлотен бран

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop