Ослободени 39 палестински жени и деца држени во израелските затвори

November 24, 2023
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Во рамките на договорот за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас, од израелските затвори ослободени се 39 палестински затвореници, 24 жени и 15 деца.

Како што јави дописникот на Анадолу, набргу откако првата група од 13 заробеници ослободени од Хамас пристигна во Израел, 39 палестински затвореници од затворот Офер на окупираниот Западен Брег беа предадени на претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Стотици Палестинци се собраа пред затворот Офер во градот Рамала на Западниот Брег за да ги пречекаат затворениците.

Припадниците на израелската војска ги растераа Палестинците кои чекаа пред затворот со солзавец и шок-бомби. Палестинците одговорија со фрлање камења кон израелските сили.

Десетици Палестинци беа погодени од солзавец, на кои им беше пружена лекарска помош.

Според договорот за хуманитарна пауза во Газа, вкупно 50 Израелци кои ги држи Хамас ќе бидат ослободени во замена за 150 палестински затвореници од израелските затвори.

Четиридневната хуманитарна пауза меѓу израелската војска и Хамас стапи на сила утринава во сите области на Појасот Газа, привремено запирајќи ги нападите за размена на затвореници и влез на хуманитарна помош во енклавата.

Од почетокот на израелските напади врз Газа на 7 октомври загинаа 14.854 Палестинци, од кои над 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени.

Во Израел загинаа 1.200 луѓе, од кои над 310 војници, додека 5.132 лица беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Следно

Облачно со врнежи од дожд, на планините снег

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop