ОСКАРОВЕЦОТ АЛЕКСАНДЕР ПЕЈН ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЖИРИТО НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

April 29, 2025
1 min read

Американскиот режисер Александер Пејн ќе биде претседател на жирито на Венецискиот филмски фестивал, соопштија организаторите.

Филмовите на Пејн, како „Останатите“, „Бочно“ и „Потомци“, беа номинирани за вкупно 24 оскари, вклучувајќи четири за најдобар филм и три за најдобар режисер. Пејн двапати доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио.

„Огромна чест и задоволство е да се биде на чело на жирито во Венеција. Многу ја почитувам речиси 100-годишната историја на Венецискиот филмски фестивал на гласно славење на филмот како уметничка форма“, изјави Пејн.

Осумдесет и второто издание на Венецискиот фестивал ќе се одржи од 27 август до 6 септември. Филмовите кои ќе бидат во конкуренција за Златен лав ќе бидат објавени во јуни.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче им даде поддршка на родителите на настраданите од Кочани пред Собранието

Следно

Таравари му одговори на Николоски: „Ние имаме партиски органи, нашите одлуки ги носиме сами“

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop