Орце Ѓорѓиевски: Скопската чаршија заслужува внимание и вистинска грижа

August 6, 2025
1 min read

Во срцето на Скопје, старата чаршија – симбол на историјата, културата и занаетчиството, денес беше во фокусот на вниманието. Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски и претставници од еснафот, ја посетија чаршијата и остварија средба со занаетчиите кои со генерации го чуваат нејзиниот дух.

„Чаршијата е место каде секој камен раскажува приказна. Таа заслужува грижа, а Скопје – достоинство“, порача Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека проблемите на ова културно наследство премногу долго се игнорирани од страна на градските власти.

Занаетчиите информирале дека со години поднесуваат писмени реакции до градската администрација, но нивните барања ретко кога добиваат одговор. Како главни проблеми ги посочиле лошата состојба на калдрмата, која по интервенции на Водовод останува несанирaна, како и недоволната грижа за хигиената и јавниот ред.

Покрај реконструкција со почит кон традицијата, чаршијата бара и подземни контејнери, уреден јавен простор и посериозен однос од институциите.

„Овие барања се праведни и оправдани и за мене ќе бидат приоритет. Скопје ќе биде повторно достоинствен град – метропола со иднина, со култура, ред и автентичност“, нагласи Ѓорѓиевски, додавајќи дека заедно со занаетчиите и граѓаните ќе го направат тоа можно.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЈП: 30% од контролираните со неправилности, затворени четири субјекти

Следно

Загинаа 25 Палестинци при превртување на камион со хуманитарна помош, 19 убиени од израелски истрели

Latest from Blog

БЕШЕ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ И ЖИВ ОГАН Од седум брака нејзиното темпо најдобро го следел само Ричард Бартон

„Подготвена сум да одам. Не сакам да задоцнам“, ѝ рекла Елизабет Тејлор на медицинската сестра на смртната постела, само неколку минути пред да ги затвори очите и да почине. Тоа било на

ИМААТ РЕЧИСИ ПО 90 ГОДИНИ Најпознатите баби на Инстаграм развијаа „опасен“ бизнис

Две искусни баби од Апулија, во поодмината возраст, станаа ѕвезди на Инстаграм благодарение на своите кулинарски вештини, кои ги „зачинија“ со хумор и добра забава. Искусните раце ги водат прстите на почетниците

Ѓорѓиевски: Дислокацијата на Цементарница не може да се реши преку ноќ, има и останати погони и фабрики кои треба да бидат дислоцирани

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за
Go toTop