Орце Ѓорѓиевски се сретна со ОДИХР: Фокус на фер и транспарентен изборен процес

September 25, 2025
1 min read

Денеска, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со Матео Мекачи, шеф на Набљудувачката мисија на ОДИХР во Скопје, и неговите соработници. Средбата се одржа во пресрет на претстојните избори на 19 октомври, со цел да се обезбеди фер и демократски изборен процес.

На средбата се разговараше за значењето на создавање демократска атмосфера во која секој граѓанин може слободно и без притисок да ја изрази својата волја. Беа истакнати транспарентноста и почитувањето на европските стандарди како основа за градење доверба во институциите и изборниот процес.

Особено беше потенцирана важноста на соработката помеѓу локалните самоуправи, централните институции и меѓународните набљудувачи како клучна гаранција за фер и коректни избори. Средбата помина во конструктивна и отворена атмосфера, а сите учесници испратија пораката дека целта е демократски избори кои верно ќе ја одразат волјата на граѓаните и ќе ја потврдат европската демократска зрелост на државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Не вреди да му се посветува толку внимание на Али Ахмети и неговите изјави

Следно

Мерц: Замрзнатите руски имоти треба да се искористат за помош на Украина

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop