Орце Ѓорѓиевски или Каја Шукова?! Познати имињата за трката за градоначалник на Град Скопје

July 19, 2025
1 min read

Нема повеќе дилеми и партиски калкулации. Познати се кандидатите за градоначалник и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски е адутот на владејачката партија, додека поранешната министерка за животна средина Каја Шукова е кандидат на опозициската СДСМ.

-Скопје е модел на град каде сите општини во градот мора синхронизирано и рамномерно да се развиваат, во соработка со градот. Скопје заслужува повеќе. Заслужува да дише. Заслужува да живее. Заслужува да се сака. Заедно ќе работиме, заедно ќе ги носиме одлуките. Ајде да го вратиме заедно сјајот на Скопје, за похуман Центар, Карпош, Кисела вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Шуто оризари, Бутел, Сарај, Гази баба, Чаир, изјави кандидатката за градоначалник на Скопје на СДСМ, Каја Шукова.

За ВМРО-ДПМНЕ кандидатурата на Шукова е потврда за пораз на СДСМ. Тие потсетија дека таа е поранешна министерка за животна средина, која во нејзиниот министерски мандат не направила ништо. Затоа прашуваат како ќе ги исполни ветувањата како градоначалничка, кога како министерка не реализирала ништо.

-Шукова која не направи ништо за животната средина, за почист воздух, за управување со отпад и слично. Шукова која во својот министерски мандат од февруари 2023 година само излегуваше во јавност и како да се имаше снимено само повторуваше треба многу време да решиме било кој проблем со животната средина. Ако Шукова ништо не направи како министер за животна средина се поставува прашањето што може да направи како градоначалник на Скопје, посебно вакво Скопје речиси уништено од Данела Арсовска која со право може да се нарече само кума на градскиот хаос, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што е познато, актуелната градоначалничка Данела Арсовска нема да се кандидира. Останува да се види дали некој ќе се кандидира како независен и дали останатите партии ќе имаат свои кандидати или ќе ги поддржат коалициски партнери.

А, ако се суди според прес конференциите, но и според информациите кои се споделуваат со јавноста, кампањата за градоначалничката фотелја е почната. Ѓорѓиевски сподели информација дека во текот на вчерашниот дел имал средба со приватните автобуски превозници, но и со такси превозниците. Ги слушнал нивните барања и ветува модерен градски јавен превоз.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Активни пожари во Желино, Сарај, Василево, Македонски Брод, Прилеп и Велес

Следно

Продолжуваат судирите во Сувејда, а сириските безбедносни сили се распоредуваат за спроведување на прекинот на огнот

Latest from Blog

Тинејџер избоден со нож на божиќен базар во Германија

Во Херфорд , во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија , 16-годишно момче е тешко повредено во напад со нож . Како што потврди портпаролот на полицијата, инцидентот се случил во споредна улица, во близина на божиќниот пазар , пишува „Шпигел“. Според првичните информации,

Спасовски три месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Сидни Свини како од мајка родена

Актерката Сидни Свини моментално ужива голема популарност. Нејзиниот физички изглед често е предмет на внимание од јавноста, особено нејзините бујни гради кои секогаш го привлекуваат вниманието на мажите. Во инат на хејтерите
Go toTop