Орбан: Унгарските невладини организации финансирани од странство со цел соборување на Владата

February 7, 2025
1 min read

БУДИМПЕШТА (АА) – Унгарските невладини организации кои добиваат средства од УСАИД поддржуваат „прашања поврзани со левичарските партии“ и финансирани се со цел да биде соборена Владата, тврдеше денес унгарскиот премиер Виктор Орбан, јавува Анадолу.

„Сега е време да се разбијат овие меѓународни мрежи, да се збришат, законски да се оневозможи нивното постоење“, изјави Орбан.

Унгарскиот премиер најави мерки против невладините организации кои добиваат пари од странство.

Тоа, како што наведе Орбан, вклучува пари и од Соединетите Американски Држави и истакна дека ги следи чекорите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја прекина странската помош од САД.

Орбан рече дека невладините организации кои добиваат пари од странство, вклучително и од Соединетите Држави, треба да бидат „исчистени од земјата“, велејќи дека нивните активности се опасни. Тој тврдеше дека организациите добиваат средства од странство за да влијаат на унгарската политика.

„Сите пари што доаѓаат од САД мора да бидат јавни, а против оние што ги добиваат мора да се воведат санкции“, рече Орбан.

Унгарскиот премиер ја пофали одлуката на републиканскиот американски претседател Трамп да ги затвори сите канцеларии на американската агенција за помош УСАИД пред неколку дена, опишувајќи го потегот како „ветер за чистење“ и „торнадо на Трамп“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗЕЛС на средба со Димитриеска Кочоска, разговарано за унгарскиот кредит и блок дотациите во образованието

Следно

Семејството е основа на превенцијата: Не им купувајте на децата џипови кога ќе наполнат 18 години, им давате репетиран пиштол

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop