Орбан разговараше со Трамп за енергетската безбедност

September 25, 2025
1 min read

Унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп за неколку прашања, вклучувајќи ја и енергетската безбедност во Централна Европа, изјави доцна синоќа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во видео објавено на Фејсбук.

По средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Сијарто изјави дека снабдувањето со енергија на Унгарија не може да се гарантира без увоз на руски гас и нафта, објави денес Ројтерс.

Сијарто пред два дена изјави за Гардијан дека Унгарија нема да престане да увезува енергија од Русија, додавајќи дека неговата земја не може да обезбеди безбедно снабдување со енергија без руски извори и дека тие го „разбираат“ повикот на Трамп до земјите од НАТО и ЕУ да престанат да увезуваат енергија од Русија.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НИКОЛОСКИ: „Со Грција имаме потенцијал да изградиме најцврсто економско сојузништво во регионот“

Следно

Ѕвезда од Бундеслигата пишува бизарни пораки: „Не можеш да пиеш крава“

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop