Орбан му претстави на Зеленски предлог за прекин на огнот

July 2, 2024
3 mins read

На неговата прва посета на Киев по инвазијата на Украина, унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска (2 јули) изјави дека на украинскиот претседател Володимир Зеленски му доставил предлог за прекин на огнот, чија цел е да се запрат борбите со Русија по повеќе од две години по сеопфатната инвазија на Москва.

Зборувајќи пред новинарите по средбите со Зеленски во Киев, Орбан не даде детали за содржината на предлогот. Зеленски пак, не го искажа своето мислење за предлогот.

„Го прашав господинот претседател дали е можно да се одмори, да се запре пукањето и потоа да се продолжат преговорите“, им рече Орбан на новинарите по состаноците.

„На крајот на краиштата, прекинот на огнот може да обезбеди забрзување на темпото на овие преговори. Многу сум благодарен на претседателот за неговото искрено мислење за ова прашање“, додаде Орбан.

Од друга страна, Зеленски на заедничката прес-конференција кажа дека на Украина и треба праведен мир.

„Ние цениме дека вашата посета се случува на самиот почетокот на унгарското претседателство со Европската Унија. Тоа е јасен показател за нашите заеднички европски приоритети, колку е важно да се обезбеди праведен мир во Украина“, рече украинскиот претседател Зеленски на прес-конференцијата.

Зеленски му рекол на Орбан, кој се спротивстави на поголема поддршка од Западот за Киев, дека Европа треба да продолжи со воената помош за Украина.

„Исто така, за сите нас во Европа е многу важно поддршката на Европа за Украина да остане на доволно ниво, вклучително и за нашата одбрана од рускиот терор“, рече Зеленски.

Орбан, кој од сите европски лидери има најтопли односи со рускиот претседател Владимир Путин, во Киев дојде еден ден откако Унгарија го презеде ротирачкото шестмесечно претседавање со Советот на ЕУ. Тоа е и негова прва посета на Киев по повеќе од една деценија.

„Целта на унгарското претседателство (со Советот на ЕУ) е да придонесе за решавање на предизвиците со кои се соочува Европската Унија. Затоа моето прво патување беше во Киев“, напиша Орбан на Фејсбук под фотографија на која се ракува со Зеленски.

Тоа е, исто така, негова прва посета на Киев по повеќе од една деценија.

Односите меѓу Украина и Унгарија беа напнати и пред почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Орбан: Унгарија сака да ги подобри односите со Украина

Орбан на заедничката конференција за јавноста рече дека Унгарија сака да ги подобри релациите со Украина и да потпише широк договор за билатерална соработка, како и дека е подготвена да учествува во модернизацијата на украинската економија.

Зеленски рече дека разговорите меѓу двајцата лидери во Киев може да послужат како основа за иден договор меѓу двете земји.

Орбан е водечки критичар на западната воена помош за Киев и еден од ретките западни лидери кои се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин од почетокот на неговата агресија против Украина.

Унгарскиот премиер се смета за најблизок сојузник на Путин меѓу лидерите на ЕУ и често се спротивставува на иницијативите на ЕУ за поддршка на Украина во одбраната од руската агресија.

Минатата година, Орбан му кажа на Путин дека Унгарија никогаш не би сакала да се соочи со Русија.

На почетокот на 2024 година, на лидерите на ЕУ им беа потребни недели да го поништат ветото на унгарскиот премиер и да дадат нова помош од 50 милијарди евра за Украина.

Националистичкиот унгарски лидер, кој е на власт од 2010 година, исто така го осуди потегот на Брисел да отвори официјални преговори за членство со Украина, иако се воздржа од вето на одлуката.

Заладени односи

Унгарија отворено се противи на санкциите против Русија, иако досега само се обидуваше да ги суспендира мерките на ЕУ, а не и директно да ги блокира.

Зеленски во понеделникот рече дека сака Унгарија да биде „ефикасна во промовирањето на нашите заеднички европски вредности, цели и интереси“.

„Како што напредува на својот пат кон ЕУ, Украина е подготвена да придонесе во тие напори и да ја зајакне нашата Европа“, рече Зеленски.

Иако ја дели границата со Украина, Унгарија, исто така, прими значително помалку бегалци од повеќето членки на ЕУ.

Односите меѓу Орбан и Зеленски се ладни од почетокот на војната.

Откако доби нов мандат на изборите во април 2022 година, Орбан рече дека украинскиот лидер бил „противник“ што успеал да го победи во кампањата.

Зеленски лично го повика Орбан за недостиг на поддршка за Киев во деновите по инвазијата на Русија, но позицијата на Будимпешта се чини дека се зацврсти за време на војната, која сега е трета година.

Во декември, на инаугурацијата на аргентинскиот претседател Хавиер Мајли, Зеленски побара да има „искрен“ разговор со унгарскиот лидер.

На видеата кои кружат на интернет се гледа како тие тензично разговараат, додека Орбан стои со грб кон ѕидот, а Зеленски стои пред него.

Унгарија има огромно влијание врз западната поддршка за Украина со оглед на нејзиното членство во ЕУ и НАТО, што и дава можност да ги спречи, одложи, намали или целосно да ги блокира иницијативите и финансирањето за поддршка на Киев.

Тензиите меѓу Киев и Будимпешта започнаа пред руската инвазија поради унгарското незадоволство од политиката на украинскиот јазик.

Повеќе од 100 000 етнички Унгарци живеат во Украина, повеќето од нив во западниот регион Закарпатија, кој беше дел од Унгарија до крајот на Првата светска војна.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Зек Ефрон и Никол Кидман во нова комедија на Нетфликс

Следно

Во стампедо на верски настан во Индија загинаа 87 лица

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop