Општина Центар почна со отстранување нелегално поставени објекти и тераси

December 20, 2023
1 min read

Општина Центар почна со остранување на нелегално поставените објекти и тераси на нејзината територија. Прва на удар се најде бесправно изградена барака на ул. Антоние Грубишиќ.

Општина Центар, како што информираат од таму, го спроведува отстранувањето на оваа напуштена и нефункционална барака за да обезбеди безбеден пристап на учениците до основното училиште Коле Неделковски. Со тоа ќе се прошири постоечкиот влез во ова училиште, со што излегуваме во пресрет на барањата на засегнатите жители, родителите и самото училиште.

,,Повторно упатувам апел до сите инвеститори, сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија и да го почитуваат Законот. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти’’ порачува Герасимовски.

Општина Центар до крајот на годината ќе спроведе шест решенија за присилно административно извршување на нелегално поставени објекти и доградби

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Касами најави протести ако не добијат свој член во Државната изборна комисија

Следно

ЕУ постигна договор за мигрантите, за едни е историски ден, за други темен ден за Европа

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop