Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари!

January 29, 2025
1 min read

Општина Центар вечерва информира дека од понеделникот, откако Градот Скопје ги оставил центарските улици во смет, активирани биле 120 хигиеничари од локалната самоуправа. Тие три дена по ред ги чистеле јавните површини во централното градско подрачје, без разлика дали е под надлежност на Град Скопје.

– Спроведовме акција за чистење на нашата општина. Глетката што ја имавме пред два дена не смее да се повтори. На терен се 120 хигиеничари и со целосна механизација, со цистерна, со метларки и со камион се чистат улиците и се собира сметот. Општинските служби и вечерва и утре продолжуваат со работа во обезбедувањето на почист и посреден Центар. Апелирам Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да се фатат за работа, да ги чистат контејнерите и да ги одржуваат улиците чисти во општините каде што имаат надлежност, се наведува во писмената изјава на градоначалникот Горан Герасимовски.

Акцијата на Општина Центар, како што се додава во соопштението, продолжува и во текот на утрешниот ден.

– Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на телефонските броеви 076/350-767 и 02/3203-693. Општинските служби веднаш ќе излезат на терен и ќе се погрижат за хигиената во централното градско подрачје. Центар не чека, Центар чисти, се истакнува во соопштението на локалната самоуправа. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски забрзано ги полни амбасадите со партиски кадри

Следно

Колумбискиот претседател ги спореди депортациите на САД со нацистичките концентрациони логори

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop