Колумбискиот претседател ги спореди депортациите на САД со нацистичките концентрациони логори

January 29, 2025
1 min read

БОГОТА (АА) – Колумбискиот претседател Густаво Петро денес ја спореди депортацијата на нерегуларните мигранти од Соединетите Американски Држави (САД) со транспортот на луѓето во нацистичките концентрациони логори за време на Втората светска војна, јавува Анадолу.

Говорејќи на инаугурацијата на новата министерка за надворешни работи Лаура Сарабија, Петро се осврна на неодамнешниот дипломатски спор со САД.

„Од епизодата со Трамп… има низа лекции што треба да се извлечат, од нив и од нас. Од нив, претпоставувам, дека не мора со лисици да ги вадат луѓето што сакаат да ги изнесат од нивната земја. Ќе има политичка дискусија, на пример, ако не ја повторат грешката на Германците во 1943 година бидејќи тие ги користеа возовите и железничките пруги за да однесат цели вагони полни со Евреи, социјалисти и комунистите во концентрационите логори.“

Изјавата на Петро доаѓа по период на дипломатски тензии предизвикани од одбивањето на колумбиската Влада да прифати депортирани лица со американски воени авиони, наведувајќи ја загриженоста за „достоинствен третман“ на мигрантите. Одбивањето предизвика силна реакција на американскиот претседател Доналд Трамп и размена на закани за тарифите.

Оттогаш Колумбија организираше три лета на Колумбиските воздухопловни сили, кои пристигнаа вчера и денес, превезувајќи 306 колумбиски државјани, меѓу кои 42 малолетни, според Петро.

„Дали господин Трамп ќе им каже на 42 колумбиски деца дека се криминалци?“, праша Петро. „На ист начин како што им кажа на 42 деца и на стотици илјади ќе им каже дека се криминалци, така мислеа и во 1943 година.“

„Секој што е Латиноамериканец, од автохтони народи, црнец, ќе биде третиран како криминалец. Тоа се нарекува колективизирање на криминалот; тоа го измисли Хитлер“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари!

Следно

Волф џабе до 21 одбрана, бајката на Португалија уште живее на СП!

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop