Општина Тетово со документ дека црковниот имот на Попoва Шапка е на МПЦ, но критикува дека тоа е договор на ДУИ, СДСМ и ВМРО

November 21, 2023
1 min read

реклама


Општина Тетово испрати соопштение до јавноста со уверение од катастарот за „историски преглед на извршени запишувања на катастарска парцела број 1/102 КО Лисец-вонград “ за кое посочува дека е начинот на кој црквата на Попова Шапка го добила земјиштето во свое владение.

Во соопштението се опишуваат повеќе процедури за префрлување на овој имот на име на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Ова соопштение следува откако минатата недела поставувањето на 15 метарски крст во рамки на црковниот имот беше повод за реакции на повеќе политички партии.

реклама

-Историјата на изградбата на крстот започнала во 90-тите години, кога земјиштето кое е сопственост на црквата било пасиште дадено на користење на Претпријатието за стопанисување со пасиштата, но својот врв го достигнува кога ДУИ доаѓа на власт. Историјата започнува од 2004 година. Во оваа година формирана е парцела од 10.887 м2 која му е дадена на Манастирскиот комплекс. Потоа, во 2009 година, имотот е префрлен директно на Православната црква со седиште во Скопје. Овие постапки се одвивале далеку од мислењето и очите на граѓаните на Тетово.  Замислете, во 2018 година решението било запишано во Катастар, а било однапред донесено на 18.06.2012 година од страна на единицата за имотно правни работи, која е во состав на Министерството за финансии во Тетово, што резултирало со приватизација на земјиштето од 10.889. м2 и два објекта: црквата и камбанаријата. Со ова Црквата станува сопственик на земјиштето и на двата објекта. И покрај тоа што земјиштето е приватизирано, тука ништо не е завршено, на 19 мај 2021 година, односно пред да се одржат избори и ДУИ и Теута Арифи да доживеат дебакл во Тетово, направено е и пренасочување на целото земјиште во катастарот, од земјиште за пасишта се трансформира во градежно земјиште, се вели во соопштениeто на Општина Тетово.

Тетовската локална самоуправа смета дека тоа што МПЦ-ОА го добила имотот е договор помеѓу партиите ДУИ, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

реклама

-По повеќе од две децении работа со православната црква, земјиштето се дава, се пренаменува за градба, објектите се легализираат, и последно беше поставувањето на крстот. Тоа значи, историјата покажува дека има договор меѓу ДУИ, СДСМ, ВМРО на Црквата да и се даде земјиште на експлоатација, потоа да се продава по смешни цени, да се гради на црно и потоа, ДУИ само да го приватизира. Ова е дволичност на ДУИ и нејзините пријатели. Ќе се обидат да продолжат да им наштетуваат на интересите на граѓаните на Тетово, да поттикнуваат омраза и политичка предност, но пилата веќе им заглавила во ноктот, нема да можат.   На крајот ќе ги дадеме и документите на медиумите и ќе ги објавиме во јавноста, за граѓаните јасно да видат како се работи зад грб, велат во денешното соопштение од Општина Тетово.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Азербејџанскиот претседател ја обвини Франција за дестабилизација на Јужен Кавказ преку поддржување на сепаратистите

Следно

Полските земјоделци решија да ја блокираат… Украина

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 23 декември 2025: Дознајте што ве очекува во текот на денот!

БИК Бикови, ништо не сфаќајте лично, дури и ако слушнете навредливи зборови упатени кон вас, знајте дека се е предизвикано од финансиската состојба, дека всушност никој не ве напаѓа. Избегнувајте ги сите

Луѓето се поверни од шимпанзата, но не се најмоногамни битија, еве кој ги надминува

Во романтичниот живот, се чини, дека повеќе наликуваме на овие дружељубиви мунгоси отколку на нашите најблиски роднини, примати, сугерира рангирањето на најмоногамните видови кои го направиле група научници. Луѓето не се најверни
Go toTop