Општина Тетово ги заборави, но не и Фикрета – не се плаши, секој ден ги храни кучињата скитници

October 1, 2023
1 min read

реклама

Ова е Фикрета Цејковиќ, од Тетово. Таа која секој ден  им дава храна на 5 улични кучиња два пати на ден. Според неа овие кучиња се оставени на милост и немилост бидејќи никој не се грижи за нив.

Фикрета вели дека кучињата не се агресивни, доколку не ги нападнете први нема да ве напаѓаат. Таа се плаши од кучиња кои не ги познава.

реклама

Според Фикрета овие кучиња не траба да бидат на улица бидејќи според неа парите од тендерите не одат за овие кучиња.

Но што мислат другите граѓани.

реклама

„Сметам дека итно треба да се преземат мерки и кучињата да бидат отстранети од улиците бидејќи има и деца кои одат на училиште и децата се плашат од кучињата бидејќи кучињата скиници се опасни и можат да ги напаѓаат децата“.

Но во Тетово веќе 9 месеци никој не се бави со третирање на кучињата скитници. Иако за овој проблем е ветено решение, од општина Тетово се уште не започнале постапка за јавна набавка за оваа прашање.

реклама

„Постапката за изградба на стационар  за кучиња скитници моментално е во процесна фаза и се развива со целосна сериозност и посветеност. Во блиска иднина (без да прецизираме време) ќе го започнеме и процесот на јавни набавки каде сите заинтересирани ќе имаат можност да ги достават своите понуди за да помогнат во изградбата на овој важен стационар“, посочија од општината.

Според официјалните податоци од СВР Тетово за девет месеци има повеќе каснувања во однос на лани. До 26 септември имало 84 пријави за каснувања од кучиња скитници. Во 2022 година имало 62 каснувања. Општина Тетово за две години третирала само 82 кучиња скитници, а тоа покажува дека бројот на кучиња во Тетово се зголемува, а најголем дел од нив се невакцинирани.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, го осуди терористичкиот напад во Анкара

Следно

Утепа ли се, БиБиСи?

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop