Општина Битола со активности за Европската недела на мобилност

September 19, 2025
1 min read

Под мотото „Комбинирај и движи се“, во Битола се одбележа Европската недела на мобилност, која од 16 до 22 септември се организира во над 2010 градови од 44 држави низ Европа и светот. Годинава темата е „Мобилност за сите“.

Ученици од ООУ „Елпида Караманди“ заедно со своите наставници демонстрираа колку е значајна изградбата на новите велосипедски патеки, кои овозможуваат поголема употреба на велосипедите и зголемена безбедност во сообраќајот, особено за најмладите.

На платото пред Офицерскиот дом, градоначалникот Тони Коњановски им се обрати на учесниците, истакнувајќи ја заложбата на локалната самоуправа за создавање подобра инфраструктура за одржлива мобилност.

„Покрај веќе изградените над 5 километри вело патеки, наскоро ќе добиеме и нова вело инфраструктура, преку која ќе ја зголемиме безбедноста и ќе создадеме услови за поголема употреба на велосипедите и подобра заштита на пешаците,“ рече Коњановски.

Со активностите во Битола, градот уште еднаш ја потврди својата посветеност кон европските иницијативи за почиста животна средина и современи урбани решенија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка и Алкалоид со најголем промет, МБИ10 во благ пораст

Следно

Филков го потпиша третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за меѓусебна соработка во кривична материја

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop