Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

April 3, 2025
1 min read

Во Собранието денеска е закажана 41. седница, на која ќе и претходат опозициски прашања, инструмент којшто почна со примена на новиот Деловник што се совпадна со мандатот на актеулните пратеници. Во првите два часа пратениците од опозицијата ќе им поставуваат прашања на премиерот, на министрите и други именувани и избрани лица. 

На дневен ред на 41. седница се ратификација на Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за кривичните дела и некои други акти извршени во воздухоплови, на Протоколот за дополнување на Конвенцијата за сузбивање на незаконито грабнување на воздухоплови, на Конвенција за спречување на незаконски дејствија поврзани со меѓународното цивилно воздухопловство, и на Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за постапка по претставки и на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Софија, на 27 февруари 2001 година и втората измена на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Цавтат, на 4 јуни 2004 година. 

Се очекува Собранието да го донесе Предлог на закон за изменување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија – второ читање. Пратениците ќе расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за работните односи и на Законот за јавните патишта, во скратена постапка, како и за измените на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за Европски работнички совет, на Законот за евиденциите во областа на трудот, измени и дополнување на Законот за градење, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка(*), предлог на закон за работно ангажирање на лица, предлог на закон за рехабилитација на Република Северна Македонија, годишни извештаи за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2024 година и за работењето на Оперативно-техничката агенција за 2024 година, сите во прво читање.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските ММА Борци подготвени За МФЦ 21!

Следно

Гласање за недоверба на владата во Бугарија – тест за кабинетот на Жељасков

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка
Go toTop