Опозициската „Србија против насилството“ бара поништување на изборите во Белград и ги повика белграѓани на протест

December 18, 2023
1 min read

Опозиционерите обвинија дека во Белград организирано биле донесени над 40 000 луѓе без легален престој за да ја поддржат листата на СНС што, како што велат, драстично ја променило изборната волја на белграѓани. Побараа поништување на изборите во Белград и повторување на гласањето за градското собрание и најавија протест за денеска во 18 часот

Опозициската коалиција „Србија против насилство“ објави дека Спрската напредна партија (СНС) – матичната партија на Александар Вучиќ – на изборите во Белград освоила 21 000 гласа повеќе од нивната листа. Опозиционерите обвинија дека во Белград организирано биле донесени над 40 000 луѓе без легален престој за да ја поддржат листата на СНС што, како што велат, драстично ја променило изборната волја на белграѓани.

„Нема збор дека СНС победи во Белград, и покрај изборната кражба и носењето луѓе од страна. Според информациите на опозицискиот блок, издадени се 40 000 лични карти за луѓето да дојдат да гласаат со белграѓани. Луѓето кои не се од Белград беа донесени да гласаат во Белград“,

изјави синоќа Мирослав Алексиќ, еден од лидерите на коалицијата „Србија против насилството“.

Мирослав Алексиќ, еден од лидерите на коалицијата „Србија против насилството“ / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

„Сведоци сме на невидено изборно насилство. Она што се случи денеска низ цела Србија не може да биде нешто што можеме да го прифатиме како резултат на демократски и фер избори“,

додаде тој.

Обвинувајќи за кражба на изборната волја, опозиционерите од „Србија против насилството“ синоќа побараа поништување на изборите во Белград и повторување на гласањето за градското собрание. Побараа и „прочистување на избирачкиот список“ и најавија протест.

Според најавите, протестот ќе почне денеска во 18 часот пред зградата на градското собрание во Белград, а ќе продолжи пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК).

Српската напредна партија претходно ги отфрли обвинувањата за менување на изборната волја на граѓаните. Претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, изјави дека е „извесно“ оти нивната листа победила во Белград и оти верува оти Александар Шапиќ ќе биде, како што наведе, „стариот нов или новиот стар“ градоначалник.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Низа настани по повод 75 години Фото кино клуб „Козјак”

Следно

Фидан разговараше со Вархеји: ЕУ треба да ги подобри односите со Туркије

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop