Опозицијата бара проширување на истрагата за пожарот во Кочани: Правдата не смее да биде селективна

April 19, 2025
1 min read

Политичките реакции за трагичниот пожар во Кочани не стивнуваат. Опозициските партии СДСМ и ДУИ денеска повторно го критикуваа текот на истрагата, оценувајќи дека таа е селективна и не ги опфаќа вистински одговорните лица. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија со обвинувања дека опозицијата „тоне во безизлезност и неспособност“.

Од СДСМ  укажаа на клучен недостаток во истрагата  одговорност кај оние кои имале директна должност да постапат вечерта кога се случи трагедијата.

„Се отвора мега-процес, вештачки надуван, во кој не се гони конкретна одговорност, туку се гради наратив – да се покаже ‘одлучност’ и ‘борба против криминал’, со цел прикривање на вистински одговорните,“ наведуваат од партијата.

Од таму додаваат дека ваквиот пристап не само што „ја поткопува правната држава“, туку и „неправедно цели кон луѓе кои можеби имаат институционални пропусти, но не се директни виновници“. Тие укажуваат и на фактот дека „началниците и командирите што таа вечер имале директна обврска да постапат, остануваат недопрени“, а „полицијата била таму и не направила ништо“.

ДУИ, пак, истрагата ја оцени како „пример за правна импровизација“, насочена кон „популизам и спасување на Владата“, со тврдење дека се работи за „антипрофесионален пристап кој не произлегува од правната наука, туку од политички договор“.

Од Левица, која веќе поднесе интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, информираат дека процедурата е во целост законска. Лидерот на партијата, Димитар Апасиев, најави и интерпелации за премиерот и државниот јавен обвинител.

Тошковски, кој денеска беше во СВР Охрид, за медиумите изјави дека „истрагата е во тек“ и дека Министерството за внатрешни работи „постапува по наредба на Обвинителството“, изразувајќи надеж дека ќе се заврши „во краток рок“.

Во меѓувреме, во Кочани, семејствата на жртвите од пожарот го одржаа третиот протестен марш, повторувајќи го својот клучен став: „Нефункционалноста на системот е вистинската причина за трагедијата.“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска е во посета на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад, во изјава за медиумите рече дека истрагата е во тек и дека МВР постапува по наредба на Обвинителството.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски мајстор на бастуни ги гравира имињата што ја обликуваа турската историја

Следно

Зголемените плати, по празниците – културните работници најавија протест, без плати за Велигден

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop