Опозицијата бара оставка од Спасовски и Буши – „Случајот со Вања покажува дека граѓаните не се безбедни“

December 4, 2023
1 min read

реклама


За убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска, Движење Беса бара итна оставка од неколку службеници, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и зм.министерот Назим Буши. Од оваа партија изразуваат загриженост за небезбедноста и криминалот во РСМ.

„После сето ова ако министерот Оливер Спасовски, зм.министерот Назим Буши, имаат малку совест и малку морал тогаш итно треба да дадат оставка. Во спротивно сигурни сме дека криминалот ќе порасне, небезбедноста на граѓаните ќе биде уште поголема, а постои опасност земјата да премине во анархија каде секој граѓанин ќе се погрижи сам за неговата безбедност и на неговите деца“, вели Луљзиме Амети.

реклама

Зошто толку доцна реагираше полицијата на Спасовски? Дали е нормално да ја информира јавноста за еден ваков трагичен настан преку бледо соопштение во 21 часот во недела – што кријат и зошто толку време помина од објавувањето на вестите до одржувањето на прес-конференцијата? Ова се дел од прашањата кои ги постави ВМРО-ДПМНЕ од каде бараат и  Спасовски да замине од министерската функција.

Прашан дали чувствува морална одговорност и да достави оставка, Министерот за внатрешни работи, Спасовски, рече дека полицијата реагирала навреме и ги преземала сите мерки, а додаде дека ова прашање е политичко.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со лисици на рацете таткото на Вања им покажа „лајк“ на новинарите

Следно

Одреден притвор за Палчо

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop