Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила

January 19, 2025
1 min read

Во СВР Скопје ноќеска во 03.15 часот било пријавено дека на улицата „Разловечко востание“ во Скопје бил опожарен бутик, сопственост на И.М.(54) од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема, а од пожарот биле зафатени фасадата од зградата, стан над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, надворешна едниница на клима уред и дел од прозори на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје.

Како што информира МВР, биле зафатени и две патнички возила, „Шкода камик “ паркирано од  М.Т.(48) од Скопје и „Форд фокус“ сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамас му ги предаде на Црвениот крст трите заробенички Израелки

Следно

Хамас ги ослободи првите заложници

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop