Онколошките пациенти таблетарната терапија ќе ја земата од аптеки, но ќе плаќаат партиципација

July 1, 2025
1 min read

Наместо да патуваат до Клиниката за онкологија во Скопје пациентите со рак на дојка ќе може да ја подигнуваат таблетарната терапија од аптеките во своето место на живеење. Станува збор за лековите летрозол и анастразол кои ги употребуваат околу 2.500 пациенти. 

Од фондот за здравство велат дека лековите ќе бидат достапни во аптеките за околу три недели отсега. Партиципацијата ќе изнесува од 50-100 денари. 

„Пациентите нема да има потреба да одат на клиниката за онкологија, лекот ќе може да се подигнува на рецепт во  аптека и од друга страна овие пациенти ќе може да одат на клиниката за онкологија само за нивни редовни консултации со онкологот кој им ја препишува терапијата и доколку има потреба бидејќи ова е долгорочна, доживотна терапија. Мислам дека е ова е и прв но значаен чекор за растеретување и на клиниката бидејќи со намалување барем за 80% на бројот на прегледи предизвикани само за издавање на овој лек ќе се ослободи простор и време за другите пациенти за кои не е возможно волку брзо да направиме промена бидејќи не примаат таблетарна форма на терапија.“ – Сашо Клековски директор на ФЗОМ.

Во меѓувреме Клековски најавува дека наскоро и клексаните ќе се најдат на позитивната листа. 

„Употребата е многу поголема и ни требаше верме да обезбедиме инфомрации кои се количините кои во моментов се употребуваат во Македонија и во основа си дадовме време да видиме кој уште антикоагулантен може да се додаде на позитивината листа и сакаме со тие анализи да го пресметаме финансискиот дел.“ – вели Клековски.

Освен ова фондот денеска соопшти дека осигурениците кои имаат право на рехабилитација врз основа на контролен преглед и специјалистички извештај ќе може да ја искористат рехабилитацијата во рок од 6 месеци од денот на издавање на решението, наместо досегашните два.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција го забранува пушењето на повеќето отворени јавни простори

Следно

Филипче – Кос: Поддршка за откочување на македонскиот евроинтегративен пат

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март
Go toTop