ОН: Во Авганистан најмалку се почитуваат правата на жените во светот

March 8, 2023
1 min read

Специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации и шефица на мисијата на ОН во Авганистан, Роза Отунбаева денеска, на Меѓународниот ден на жената, соопшти дека Авганистан под талибанската влада се уште е држава која најлошо од сите држави во светот се однесува спрема правата на жените и девојчињата.

Отунбаева додаде дека е „вознемирувачки“ да се видат „намерни и систематски напори“ на талибанската влада да ги истисне жените и девојките од јавната сфера во Авганистан.

Половина од населението на Авганистан е принудено да остане дома во екот на една од најголемите светски и економски кризи, а тоа е чин на „национално самоосакатување“ во огромни размери, посочи таа.

„Сите Авганистанци, не само жените и девојчињата, ќе бидат осудени на сиромаштија и долгорочна зависност од хуманитарна помош со овој чин“, нагласи Отунбаева.

Мисијата на ОН, исто така, објави дека откако талибанците дојдоа на власт во Авганистан во август 2021 година, забележана е речиси постојана дискриминација на жените и континуирано усвојување мерки што ги ограничуваат нивните права.

На девојчињата им е дозволено да одат на училиште само до шесто одделение, а на Авганистанките не им е дозволено да се појавуваат на јавни места како што се паркови и спортски сали.
Меѓу другото, на жените во Авганистан им е забрането да работат во владини и невладини организации. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Уапсен тетовец кој се сомничи дека извршил кражба во тетовска фабрика

Следно

КСЗД: Платеното породилно отсуство претставува клучно социјално право на сите жени

Latest from Blog

Ким Џонг-ун најави нова нуклеарна политика

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави дека земјата ќе претстави политика за заедничко унапредување на нуклеарното оружје и конвенционалната воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на неговата владејачка партија, објави

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат
Go toTop