ОН: Рекордни 120 милиони луѓе присилно раселени поради војна, насилство и прогон

June 13, 2024
1 min read

Вкупно 120 милиони луѓе живеат присилно раселени поради војна, насилство и прогон, објавија ОН, нарекувајќи ја бројката која постојано се зголемува како „страшно обвинение за состојбата во светот“.

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, УНХЦР, соопшти дека присилното раселување на глобално ниво повторно ги урнало рекордите, при што конфликтите во места како Газа, Судан и Мјанмар принудија уште повеќе луѓе да ги напуштат своите домови.

„Глобалното раселено население сега е еквивалентно на она на Јапонија, се истакнува во соопштението.

На крајот на минатата година, 117,3 милиони луѓе беа раселени, се вели во извештајот на УНХЦР.

„До крајот на април, бројот дополнително се зголеми, на околу 120 милиони луѓе ширум светот кои живеат  раселени. Бројот е зголемен од 110 милиони пред една година и се зголемува веќе 12 последователни години – речиси тројно од 2012 година во услови на комбинација на нови кризи и неуспехот да се решат долготрајните кризи“, соопшти УНХЦР.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Федерер: На Ѓоковиќ не му ја покажав почитта што ја заслужува

Следно

ЦУК: Мечка убила и изела овци во гостиварско Равен

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop