ОН предупредуваат: Газа се наоѓа на работ на огромна здравствена опасност

October 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Појасот Газа е на работ на огромна здравствена опасност, предупреди денес генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), јавува Анадолу.

За новинарите во Ерусалим, Филип Лазарини изјави дека снемува вода, храна и лекови во Газа.

Лазарини нагласи дека пред неколку дена предупредил дека УНРВА нема да може да ја продолжи својата хуманитарна активност доколку не се дозволи влез на гориво во енклавата.

Тој изјави дека неколкуте камиони со помош на кои им се дозволи да влезат во Појасот Газа не се доволни и дека треба да се обезбеди прекин на огнот при целосниот колапс на здравствениот сектор.

Според официјалниот претставник, најмалку 57 вработени на УНРВА го загубиле животот од 7 октомври.

Лазарини рече дека УНРВА следи цврсти механизми за да осигури дека помошта нема да падне во погрешни раце.

Конфликтот во Газа започна кога палестинската група Хамас на 7 октомври ја почна операцијата „Поплава Ал-Акса“ – повеќестран ненадеен напад со бараж лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух.

Хамас објави дека нападот бил одмазда за упадите во џамијата Ал-Акса и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Израелската војска потоа започна немилосрдно бомбардирање на позициите на Хамас во Појасот Газа.

Во конфликтот досега загинаа речиси 8.500 луѓе, меѓу кои најмалку 7.028 Палестинци и 1.400 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Авдивка и скршениот рускиот морал

Следно

Шукова: Ќе има пријави за опасниот отпад на брегот на Лепенец

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop