ОН: 500.000 Палестинци се раселени низ Газа откако Израел ги продолжи нападите

April 17, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Околу 500.000 Палестинци се раселени низ Газа откако Израел ја продолжи офанзивата по прекршувањето на договорот за прекин на огнот со палестинската група Хамас, соопшти денес Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), јавува Анадолу.

Израелската армија ги обнови нападите врз Газа на 18 март и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од 19 јануари.

Од почетокот на нападите во октомври 2023 година досега во Газа убиени се најмалку 51.000 Палестинци, од кои повеќето жени и деца.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево со умерена облачност, температурата до 24 степени

Следно

Анчелоти по елиминацијата од ЛШ: Во моментов се бориме за титулата во Ла Лига

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop