ОМО „Илинден“ – Пирин кани на голем семакедонски собир во чест на Јане Сандански во Мелник

March 31, 2024
1 min read

Покана до сите македонци и пријатели на Македонија, до сите почитувачи на делото на Јане Сандански и љубители на македонската култура да дојдат на семакедонскиот собир во чест на Јане Сандански, упати денеска организација на Македонците во Бугаррија ОМО „Илинден“ – Пирин. Собирот, по повод 109 години од убиството на овој македонски револуционер, ќе се одржи на 21 април 2024 г. во Мелник, Пиринскиот дел на Македонија, Р. Бугарија, се истакнува во поканата од оваа органзиација
-Програмата предвидува положување цвеќиња на гробот на Јане Сандански кај Роженскиот манастир од 10.00 часот. Официјалниот дел од Соборот ќе започне во Мелник кај споменикот на војводата од 11.00 часот (по бугарско време). Свеченоста со своето учество, ќе ја збогати писателот, автор, новинар, собирач на фолклорни записи, внукот на Јане Сандански – Борис Сандански, се вели во поканата упатена преку социјалните мрежи.
Натаму во објавата на нивниот официјален профил на Фејсбук се додава:
-Ќе бидат поставени венци и цвеќиња на споменикот, ќе биде прочитан говор во чест на Јане Сандански, ќе има богата културна програма со македонски песни и ора. Повелете ве очекуваме!
Поканата е упатена од името на организаторите: ОМО „Илинден“-Пирин, Македонско меѓународно движење за човекови права, ОМО „Илинден“, Антички Македонци, Друштво на репресираните Македонци во Бугарија, Македонски културен клуб “Никола Вапцаров”, Друштво за заштита на основни човекови права, Македонски дискусионен клуб за етничка толерантност и Правозаштитен комитет Толерантност.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дваесет годишна девојка од Албанија пријавена за исчезната

Следно

Барселона ќе се обиде да го убеди Чави да остане главен тренер на тимот

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop