Омерагиќ: Отворени сме за соработка со сите општини

June 5, 2025
1 min read

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, вчера беше дел од настан организиран од ОФС Гази Баба, на кој клубовите од општината добија нова спортска опрема и фудбалски реквизити.

Во рамки на овој настан, ФФМ учествуваше со донација на фудбалски топки, како дел од континуираната поддршка што „Куќа на фудбалот“ ја обезбедува за локалните клубови.

– Големо е задоволството кога локалната самоуправа, Општинските фудбалски сојузи и клубовите заеднички инвестираат во иднината на нашите деца. ФФМ со радост беше дел од оваа иницијатива, преку донација на фудбалски топки за клубовите од ОФС Гази Баба, како дел од нашата посветеност кон развојот на фудбалот на сите нивоа.
Сакам јасно да порачам: ФФМ е целосно отворена за соработка со сите општини во државата и сите градоначалници кои се подготвени заедно да вложуваме во спортот, младинскиот развој и инфраструктурата.
Веруваме дека само на тој начин можеме да постигнеме повисоки стандарди, да го зголемиме учеството на младите во спортот и да изградиме здрави генерации. Ако успееме во тоа, ќе направиме голема работа, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Оваа активност е дел од стратегијата на ФФМ за поддршка на клубовите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Речиси два милиона муслимански верници се искачија на ридот Арафат како дел од годишниот аџилак

Следно

Кога е вистинско време да се побара помош од логопед

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop