„Октомвриска ноќ“ во Прилеп: Изложба на дела од Сергеј Андреевски, актери ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова-Јоциќ

October 8, 2023
1 min read

Во пресрет на „11 Октомври“, еден од најголемите национални празници, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде отворена поставка на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски.

На 10 октомври во 18:30 часот во библиотеката „Борка Талески“ ќе биде отворена изложба на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски, стои во најавата за настанот.

Актери од театарот „Војдан Чернодрински“: Даниела Иваноска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова Јоциќ.

Во пресрет на еден од најголемите национални празници, токму во предвечерието кога пред 82 години е означен почетокот на антифашистичката борба во Градот Херој и Првоборец, ќе чествуваме заедно со најсовременото оружје на 21 век- културата, моќта на уметноста и зборот., велат меѓудругото организаторите.

На социјалните мрежи Сергеј Андреевски изрази задоволство за можноста прв пат да го претстави своето творештво во Прилеп во пресрет на празникот 11 Октомври.

Чест ми е, за прв пат и тоа токму спроти Денот на народното востание на македонскиот народ, да претставам дел од моето творештво во градот на непобедените, вели Сергеј Андреевски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел прогласи воена состојба

Следно

(ВИДЕО) „360 степени“ во Албанија: Дали заканите за одземање на бугарските пасоши ќе го намалат бројот на Македонци?

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop