OJО за Дрин Ахмети: Пиротехничкиот материјал кој бил пронајден и одземен не е од поголемо количество кое може да иницира кривичен прогон

December 20, 2024
1 min read

Од Јавното обвинителство велат дека не е точно дека се повлекле од гонење на Дрин Ахмети.

„Напротив, по целосно спроведена предистражна постапка и наредено вештачење, обвинителството ги предаде обезбедените докази кои утврдуваат прекршочна одговорност на лицето и издаде Наредба до МВР – Биро за јавна безбедност – СВР Скопје со која побара поведување на прекршочна постапка против пријавениот согласно одредбите од Законот за заштита од експлозивни материи.

Во однос на кривична одговорност, вешто лице изврши увид и анализа на запленетите пиротехнички средства и детално констатираше поединечно за каков вид на пиротехнички производи станува збор. Согласно извршеното вештачење, во конкретниот случај се работи за 7 петарди и 15 кутии со ракети за огномет, чии испалувања биле евидентирани поединечно, но во суштина се поврзани и претставуваат една целина. За набавката на огнометот пријавениот поседувал фактура од правно лице чија што дејност е продажба на пиротехнички средства, а за изведба на огнометот било ангажирано друго правно лице.

Согласно извештајот, предметниот пиротехнички материјал кој бил пронајден и одземен не е од поголемо количество кое може да иницира кривичен прогон и евентуална кривична одговорност, а во прилог на тоа говори и фактот што Министерството за внатрешни работи како надлежен орган за настанот достави известување, а не кривична пријава до обвинителството.

Сепак, јавниот обвинител, постапувајќи и испитувајќи ги сите околности, утврди дека лицето не поседувало одобрение за превезување на пиротехничките средства како што налага Законот, нешто што претставува прекршок за кој Законот за заштита од експлозивни материи има посебни прекршочни одредби во чл.69 и за кои е предвидено да се води прекршочна постапка од страна на комисија во Министерството за внатрешни работи“, велат од ОЈО.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трибина за Петар Драганов, руски славист и македонист со бугарско потекло, застапник на етнокултурната различност на Македонците

Следно

Тошковски во „Наткаст“: Затекнавме состојба, Сицилија „вода да ни носи“

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop