ОЈО: Патничка од кумановското возило излегла, а во тој момент на неа налетало возило со српски ознаки

January 21, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство соопшти детали за синоќешната сообраќајна несреќа кај Табановце во која смртно настрада 49 годишна сопатничка во возило „фолксваген поло“ со кумановски сообраќајни ознаки  кое се судрило со „фолксваген голф“ со скопски регистерски ознаки, а како причина се наведува тоа што најверојатно возачот на едното од возилата влегол на автопат во недозволена насока, информираат од  обвинителството.   

По овој судир, сопатничката од возилото со кумановски ознаки излчегла од истото по што на неа во тој момент налетало возило марка „опел инсигниа“ со српски таблици. Од овој удар жената се здобила со тешки телесни повреди од кои починала. За телото на починатата е наредена обдукција а за другите учесници во овој немил настан кои се со полесни повреди е наредено испитување на крв и урина. 

Српските медиуми објавија дека во синоќешната сообраќајка кај Табановце учествувал рок музичарот Ѓорѓе Давид кој директно удрил во 49-годишната жена за која изјавил дека се шетала по автопатот. Тој за продукцијата „Гранд“ која ја пренесе неговата прва изјава по несреќата рекол дека било веднаш утврдено дека не бил во алкохолизирана состојба и дека возел со законски пропишаната брзина. Дека не очекувал да биде задржан во притвор зашто бил невин за инцидентот во кој загина една жена. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борел в понеделник во Брисел ќе го претстави планот за мир меѓу Израел и Палестинците

Следно

Тешко повреден 42-годишник, со работна машина излетал од патот

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop