ОЈО нареди обдукција на телото на починатото бебе во Охрид

May 14, 2024
1 min read

Охридското обвинителство издаде наредба за обдукција на починатото седумесечно бебе, во болница било донесено со повреди на главата. Станува збор за доенче од Вевчани кое мајката го донела на 13 мај во специјалната охридска болница „Св. Еразмо“ со хематом на главата и константно мозочно крварење.

Докторите веднаш го однеселе бебето во операциона сала, каде што, неколку часа по операцијата на интезивна нега починало. Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.

Јавниот обвинител издаде наредба телото на седумесечното бебе да биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, додаваат од СВР – Охрид.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемено насилство и говор на омраза врз ЛГБТИ луѓето

Следно

Швајцарското ноже остана без ноже

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop