ОЈО Битола со постапка за злоупотреба при јавна набавка во РЕК Битола, предложено замрзнување на имот

February 14, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Битола, постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против седум лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4, како и три лица за – Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот законик. Дополнително, врз основа на согледувањата на јавниот обвинител, постапката веднаш е проширена и за едно правно лице и за управителот на тоа правно лице, кои не беа опфатени во пријавата од УФП.

Имено, сомненијата се дека првоосомничениот директор на РЕК Битола во постапката за јавна набавка за ископ на инвестициска откривка во Брод Гнеотино, ја искористил службената положба и овластувања и на 19.08.2022 година донел Одлука за избор на најповолна понуда, со која противправно ја отфрлил понудата на едно правно лице, иако таа била најниска. Спротивно на член 112 став 1 од Законот за јавни набавки противправно за најповолна понуда ја избрал поскапата понуда на осомниченото правно лице со кое склучил Договор и рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино и Анекс 1 кон Основниот Договор на износ од 849.600.000 денари.

Вториот, третиот и четвртиот осомничен ја искористиле службената положба и овластување како членови на стручна комисија за евалуација на техничката и професионалната способност на пристигнатите понуди на јавната набавка. При оценка на пристигнатите понуди тие ја ограничиле конкуренцијата и му овозможиле на првопријавениот да донесе незаконска одлука за избор на најдобар понудувач.

Петто, шесто и седмопријавениот биле претседател и членови на Комисијата за спроведување на постапката за јавна набавка кои противправно ја оцениле како неприфатлива понудата која била поевтина.

Осомничени се и три лица од Бирото за јавни набавки кои постапиле несовесно вршејќи управна контрола на постапката и констатирале дека таа е законски спроведена.

Со реализација на Договорот за ископ на инвестициска откривка во Рудникот Брод Гнеотино, пријавените овозможиле осомниченото правното лице да оствари противправна имотна корист, со што на Буџетот на РСМ направена е штета во висина од 178.370.320 денари. За управителот на правното лице поведена е постапка за поттикнување на злоупотребата.

Имајќи го предвид наведеното, а особено имајќи предвид дека се работи за наводи за значителна имотна штета на Буџетот и сомнение за кривично дело за кое е запретена казна затвор од 1 до 5 години, основано е да се стравува дека осомничените лица без определување на мерки за претпазливост ќе имаат мотив да ја напуштат државата и да избегнат кривична одговорност за преземените дејствија.

Затоа јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и задолжително јавување кај надлежен орган. Мерките се предложени за седум лица, бидејќи за првоосомничениот веќе е на сила мерка притвор определена во друг предмет.

Исто така, со цел обезбедување на имотната корист од незаконските дејствија, јавниот обвинител предложи привремени мерки за обезбедување – замрзнување на пари во износ од 178.370.320 денари на банкарска сметка, како и движен имот од правното лице и управителот, односно 12 возила за кои има сомнение дека биле набавени со нелегално стекнатата имотна корист.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Наместо да се бара рефундација „клексан“ ќе може да се подигне со рецепт во аптеките, најави Клековски

Следно

Агелер, Трипуновски, Љутков и Јанчев закроија винова лоза и наздравија со вино во Кавадарци

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop