Наместо да се бара рефундација „клексан“ ќе може да се подигне со рецепт во аптеките, најави Клековски

February 14, 2025
1 min read

Наместо да се бара рефундација, антикоагулансот „клексан“ ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов.

Како што посочи Клековски, побарани се две измени во правилникот, односно да се овозможи преместување на лекови од болничката на аптекарската позитивна листа, како и Фондот да добие право за преговарање на цените на лековите кои се субвенционирани. 

– Позитивната листа претставува форма на субвенција за одредени лекови. Сметаме дека кога државата веќе ги субвенционира, треба да имаме право да преговараме за нивната цена, а не да ја прифаќаме автоматски големопродажната цена. Забележавме дека со претходното зголемување на позитивната листа сите производители ги користеа максималните дозволени цени, рече Клековски.

Додаде дека лековите кои се на позитивната листа треба да бидат достапни по пониска цена, со цел субвенциите да имаат реален ефект.

– Прв приоритет ни е префрлањето на антикоагулансите, особено „клексан“, кој веќе е на болничката листа. Наместо пациентите да чекаат рефундација, ќе можат директно да го подигнат на рецепт. Очекуваме штом Комисијата почне со работа и правилниците бидат усогласени, оваа промена да стане реалност, рече Клековски.

Според него, производителите не сакаат да го вклучат таблетарниот антикоагуланс „ксалерто“ на позитивната листа, нагласувајќи дека Фондот разговара со еден од производителите за да обезбеди пониска цена.

– Разговараме со еден од производителите за да обезбедиме пониска цена, бидејќи овој лек е често користен кај повозрасните пациенти со кардиолошки проблеми, додаде Клековски. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судењето за убиствата на Вања и Панче продолжува на 21 февруари

Следно

ОЈО Битола со постапка за злоупотреба при јавна набавка во РЕК Битола, предложено замрзнување на имот

Latest from Blog

Коњановски: Запуштениот простор зад полицијата во Битола доби нов изглед

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски информираше дека е завршено партерното уредување на просторот зад зградата на битолската полиција, локација каде претходно биле отстранети гаражи и времени објекти. Според Коњановски, станува збор

Туфегџиќ за Newsmax Balkans: Преширокото обвинение за „Пулс“ носи ризик од неправедна разврска

Трагедијата во „Пулс“ повторно го привлекува вниманието на регионалните медиуми, но сега дилемата е како правосудниот систем се справува со судење во кое обвинението повеќе личи на обид за општо расчистување со

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“
Go toTop