ОХРИДСКО ЛЕТО ЌЕ СЕ ОТВОРИ СО КОНЦЕРТ НА АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

April 23, 2025
1 min read

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65 издание на фестивалот Охридско лето, најави денеска директорот Ѓорги Цуцковски. На свеченото отворање на 12 јули, насловено „Трансформација на сетилата“, ќе диригира Едвин Оутвотер, а ќе настапи и македонската Филхармонија. Визуелен дизајнер ќе биде Рафаел Карико.

„На Античкиот театар ќе приредиме исклучително музичко-визуелно доживување со импресивни видеопроекции и употреба на најсовремени визуелни технологии“, рече Цуцковски.

За време на Фестивалот, кој трае до 20 август, ќе настапат и пијанистите Михаил Пљетњов, Лукаш Вондрачек, виолинистите Вадим Глузман и Џек Либек, виолончелистот Даниел Мулер Шот како и кастањета уметницата Лучера Тено во дуо со харфистот Хавиер де Маестре.

„Особено сум горд на гудачкиот квартет на кралскиот Концертгебау од Холандија како и на оркестарот Симфониета ди Болоња, како претставници на најпрестижните национални оркестри во светот воопшто. Претстава за деца, како и два џез концерта, меѓу кои еден на познатиот охридски уметник Дамјан Пејчиновски, како и настап на Националниот џез оркестар со големата ѕвезда Шеон Кути претставуваат збогатување на програмата со тенденција да се допре и до најсофистицираните уметнички уживатели. Охридско лето првпат излегува од рамките на познатите сцени со што на 3 август го презентираме мега спектаклот ‘Кармина Бурана – Симфонија на дамарите’ во изведба на повеќе од 70 уметници на сцена заедно со познатото електронско дуо ‘Ај-Ди-Кју’ (IDQ) од Србија, со воедно ќе ја започнеме и прославата за роденденот на фестивалот, кој идниот ден ќе биде прославен онака како што и е формиран, со рецитал на оперска пејачка, тогаш истакнатата Ана Липша-Тофовиќ, а сега со нашата примадона со најголема интернационална кариера и бисерен глас, Ана Дурловски“, кажа Цуцковски.

Според селекторката на музичката програма, Симона Ѓорчева, годинава ќе има 29 музички настани со над 300 уметници од САД, Кина и Европа, а според селекторот на драмската програма Ненад Витанов, меѓудругото ќе има две премиери, театарската претстава „Амадеус“ во продукција на Турски театар Скопје и театарската претстава „Рута“ во продукција на Драмски театар Скопје, а европска премиера ќе има и театарската претстава „Електра“ во продукција на Театарската асоцијација од Јужна Кореја и Охридско лето.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мирче, Ефимија, Александра, Ангела и Надица по 40 дена лекување од пожарот во Кочани се враќаат дома

Следно

Николоски на средба со Герет Томас: Во фокусот економската и стратешка соработка помеѓу двете земји

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop