Огранок на Алтернатива – Чаир: 2/3 од членовите на огранокот се откажуваат од партијата

October 26, 2023
1 min read

реклама


Од Огранокот на Алтернатива во Чаир вечерва преку соопштение информираат дека 2/3 од членовите се откажуваат од партијата.

„Вечерва, ние членовите на огранокот на Алтернатива – Чаир, 2/3 од членовите на огранското собрание, симпатизери и поддржувачи, се собравме овде да ја изразиме нашата загриженост во врска со незадоволствата наталожени во текот на овие месеци во нашиот огранок, но не се само овие причини.

реклама

И покрај фактите и некои обиди за синхронизирање и усогласување на огранокот, внатрешни разговори меѓу нашите членови – принудени сме да кажеме дека проблемите во огранокот Чаири се акумулација на револтот на нашите членови, веќе 15 месеци.

Иако нашата надеж до овој момент беше дека ќе постигнеме компромис меѓу членовите на огранокот, тоа за жал не се случи – додека виновниците за ова сега се познати и носат печат на две-три лица кои узурпираа и непотизираа се во партијата.

реклама

Во оваа прилика пред јавноста и целото членство ги донесовме следните одлуки:

  • 2/3 од членовите на огранокот Чаир поднесуваат оставки од партиските органи;
  • 8 членови на Централното собрание, заедно со 1 член на Централното претседателство – ќе ја запрат дејноста во огранокот;
  • раководителите на соодветните подружници заедно со нивните членови се повлекуваат од огранокот Чаир;
  • Од овој момент, основачката структура на огранокот, заедно со неколку раководители на подограноци и активисти, 2/3 од членовите на партиската структура, пред членството, активисти, симпатизери и поддржувачи, но и пред јавноста, повторуваме дека заслужни за нашата колективна оставка од огранокот, има само двајца-тројца узурпатори-клиентелисти, додека последните анкети говорат за сите овие глупости и резултатот за огранокот Чаир.

На крајот, нашиот совет до секој активист во огранокот е многу пријателски: „размислете добро, пред да биде предоцна“ – не се прави огранок со членови на семејството и непотизам, како на пример подогранок со тројца членови на семејството: Гаши и Ибрахими – иако и денес продолжуваат да бидат членови на собранието, истотака не се прави огранок ниту со први братучеди и втори роднини, ниту пак структура со скрстени нозе со терцијарна терминологија: „овој е мој, тој е наш“, – или да се каже со омилениот термин: „аџанак-баџанак“, се вели во соопштението.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град Скопје: АА прво да погледнат кон своите кадри и да побараат реакција од надлежните државни органи, а потоа да коментираат за други

Следно

Драма во Скопје: Маж пријавил дека бил нападнат од неговата партнерка, неколку часа подоцна и жената пријавила насилство од мажот

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop