Ограничен пристапот до интернет во Иран поради националните протести

January 4, 2026
1 min read

Информацијата се заснова на наодите на американската ИТ компанија „Клаудфлер“ (Cloudflare). Извештаите на социјалните мрежи говорат за „интензивни“ прекини и стравувања дека меѓународниот пристап до интернет наскоро може целосно да биде исклучен.

Веќе една недела Иран е потресен од политички немири. Првично, граѓаните во главниот град Техеран протестираа против економската политика на владата, но тие брзо се развија во немири низ целата земја. Покрај слоганите насочени против сегашното раководство, многу демонстранти повикуваат на враќање на монархијата, која беше соборена со Исламската револуција во 1979 година.

За време на протестите во 2009, 2019 и 2022 година, како и за време на израелските воени напади во јуни минатата година, владата строго го ограничи меѓународниот пристап до интернет, а во одредени моменти целосно го исклучуваше. Тогаш беа достапни само националните веб-страници одобрени од властите.

Набљудувачите велат дека ограничувањата имаат две цели. Првата е да се спречи координацијата на демонстрантите за собири, кои во голема мера се организираат преку интернет. Втората е да се спречи објавувањето извештаи, слики и видеа од немирите на социјалните мрежи.

Владата одбива да даде прецизни информации. Сепак, извештаите на социјалните мрежи опишуваат насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата и безбедносните сили, во кои наводно се убиени повеќе од десет лица, а многумина се повредени. Активистите за човекови права велат дека се уапсени стотици демонстранти. Овие тврдења не можат независно да се проверат, нагласува ДПА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Лампард направи чуда, тој е вистинскиот човек за Челзи“

Следно

Културен печат на историјата: Објавена првата разгледница „Поздрав од Гора“ во Албанија

Latest from Blog

Репрезентацијата доби нов изглед – ФФМ ја врати жолтата боја

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги претстави новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, со кои националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светско првенство. По повеќе од една деценија, во

Димитриеска-Кочоска: Нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

20 март 2026 година, Скопје- Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции,

ЈКП Комуналец – Прилеп: Големиот пожар во Алинци целосно изгаснат по интензивна акција

Пожарот на депонијата во Алинци, кој се сметаше за еден од најголемите предизвикани од непознат сторител, е целосно изгаснат. Во текот на три дена, вработените од ТППЕ Прилеп, ЈКП Комуналец, Дирекцијата за
Go toTop