Oгнен Дранговски: Македонија со задоволство им ја отворала вратата на бугарските уметници, без сомнежи и со раширени раце, зошто тој молк колеги, соседи, пријатели?

January 30, 2023
3 mins read

Предизвикан од хистеријата која ја зафати и ѝ се наметнува на Македонија, и разните обвинувања за некаков антиевропски антибугарски наратив, и некакво нетрпение кон се’ што е бугарско, а во недостиг на било каква реакција на Министерството за Култура, ниту на Министрството за Надворешни работи на република Македонија, да не зборувам за институциите на ЕУ (то е некоја посебна приказна) сакам да одговорам нешто од моето лично искуство. Ова не сакам да служи како правдање туку видување и демантирање дека македонците се ксенофоби!!!, напиша на својот фејсбук профил актерот Огнен Дранговски.

Македонија од секогаш со задоволство им ја отварала вратата на бугарските уметници, без сомнежи и со раширени раце.

Па првата претстава која ја гледав во Народниот Театар во Битола беше „Дванаесетата Ноќ“ од Шекспир , режирана од големиот Крикор Азарјан.(1993 г) До денес ми оддeкнува во главата. Подоцна ја имав честа да го запознаам но за моја голема жалост не сороботував со него. Но гледав негови претстави поставени на сцената на Битолскиот Театар.

На истата сцена ја гледавме Не Шегувај се со Љубовта режирана од Галин Стоев

„Стаклена Менажерија’ од Т. Вилијамс, режирана од професорот Красимир Спасов, е една од претставите која влијаеше на мене да станам денес она што сум. Со професорот Красимир Спасов имав среќа да соработувам на Шекспировата Многу Врева за Ништо.

За време на студиите на фестивалот Млад Отворен Театар во Скопје гледавме претстави на Лилија Абаџиева, Квартет (Сфумато) на Јавор Грдев. Претставите беа многу влијателни и испраќани со овации.

Уживав и многу научив од работилницата по Комедиа дел Арте на Факултетот за Драмски Уметности Скопје, водена единствениот Александар Илиев.

Ја гледав премиерата на Декамерон режирана од Александар Морфов на Имарет(плаошник) во Охрид на фестивалот Охридско Лето.

Во тоа време беше и Антигона ин Техноленд на Македонскиот Народен Театар режирана од Галин Стоев.

Се разбира неодминлива и незаборавна е соработката со Лилија Абаџиева на Гогољевата Женидба во НТБ Истата претстава гостуваше на Бургаско Лето во Р. Бугарија.

Гледавме пак ќе речам со задоволство разни гостувања , на многу театри од Бугарија, како Народниот Театар Иван Вазов, Сфумато, Театарот на Армијата и многу други.

Јас самиот со неколку колеги претстојувавме дестина дена во Смолен во театарот Иван Хајтов како дел од копродукција, сме гостувале и на фестивалот во Враца

Христо Бојчев е поставен повеќе пати и во Прилеп и во Гостивар. Георги Господинов е еден од најчитаните автори во Македонија.

Горе споменатите режисери работеа многу пати низ Македонија како Драмски Театар и во МНТ и се разбира не треба да престанат да работат. Нивните претстави сеуште се дел од репертоарите на театрите низ Македонија. Нивните претстави играа рамноправно на фестивалите за театар во Македонија.

Да не ги заборавам десетиците останати уметници од Бугарија , сценографи, костимографи, кореографи…… И тоа само во театарската уметност, веројатно имало соработка и во сите други полиња од уметноста.

И сега??? За каква ксенофобија зборуваме, обвинуваме, се самообвинуваме, зошто дозволуваме разноразни емисари да нѝ солат памет за соживот и добрососедство????????

Ни доаѓаат и нѝ велат вие македонците сте заостанати, не знаете да живеете по европски, и никој ама баш никој од луѓето кои треба да не’ одбранат од таквите напади само со факти, само климаат, и по некоја нервозно хистерична реакција која е најчесто задоцнета и е само декламација. Тука мислам на Претседателот Стево Пендаровски. А Министерството за Култура треба да научи дека не е само административно тело, туку многу повеќе од само молк. Треба да научи дека е и своевиден браник. Таму треба да мириса на душата на земјава…

Од секогаш сме имале некои недоразбирања со Бугарите и ова не го пишувам за да го анализарам бугарското општество и проблемите кои си ги имаат, нека си ги решаваат. И не ги именував сите овие луѓе за да ги обвинам ниту пак да ги прашам, туку си се прашувам самиот, зошто сиот тој молк пријатели, колеги, соседи. Добиваме блокади бидејќи им се може, а да не зборувам што се кажуваше на во нивниот парламент. Искрено прв пат почуствував страв од пенливото беснило од говорниците дека Македонија е Бугарска. Ниту една единствена реакција , ниту збор, ништо. Молк. Си велам може им е наважно, не знам… Ете јас отсекогаш со задовоство сум работел со нив, а и останатите колеги, ги пречекуваме со отворени раце и уште поотворени срца, и ќе ги пречекуваме во иднина сигурен сум. Можеби грешам, грешиме, можеби треба да научиме за реципроцитет и опортунизам. Можеби кај нив важи она на Балканот, ние Балканците сме топли луѓе освен за тие кои нѝ сметаат… не знам…

И повторно оставени, сами на себе, како секогаш, ние Македонците, други да нѝ ги пишуваат наративите, а ние сами да си се браниме, а преку глава нѝ е на сите, да кажуваме кои сме , а уште по преку глава ни е да нѝ кажуваат кои не сме, а по најново кои сме т.е. кои сме биле ама сме згрешиле и сме станале нешто друго…..

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Папата повика на дијалог и мир помеѓу Израел и Палестинците

Следно

Променливо облачно и студено време

Latest from Blog

Зеленски: Ракети за западните ПВО системи ќе бидат дел од првата испорака во рамките на механизмот на НАТО за купување оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ракети за западните системи за воздушна одбрана ќе бидат дел од првичните испораки на американско оружје што ќе го платат земјите од НАТО во рамките

НУУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа 80 години со промоција на монографија

Во Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола вечерва се одржа промоција на монографијата посветена на работата и развојот на библиотеката во периодот од 1945 до 2025 година, во рамките

Судиска комисија до Бешири: „ВАР нема двојни стандарди. Алиби изјавите се најголемото зло во фудбалот”

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија реагира на изјавата на Јетон Беќири по натпреварот Струга Трим Лум – Шкендија, во која тренерот на тетовскиот клуб обвини за двојни стандарди во користењето

Бијонсе го прослави 44. роденден во проѕирен фустан, фановите воодушевени (ФОТО)

Откако ја заврши својата историска турнеја „Каубој Картер“ во јули, за време на која ја видовме во безброј комбинации со кожни панталони, крзна и каубојски шапки, пејачката се врати на гламурот на
Go toTop